One денар

Tags: 

Изгледа дека со One цело време си должиме по еден денар.

Во континуитет веќе подолго време салдото по секоја платена фактура, видно од состојбата што ја нуди One на интернет, ми е 1 денар. Исто така, барем два пати (на сликата има само еднаш, мал ми е мониторот) One ми наплатил по еден денар дополнително од некои фактури како заостанат долг.

Моменталната фактура е на износ 1.986,00, салдото е 1.985,00, но фактурата исто вели дека должам 1 денар...

Што треба да направам за да се порамниме? Еве не ги барам назад тие 2-3 денари плус што сум ги платил.

Одење во салон е општ неуспех. Луѓето што работат таму ако имаат среќа системот да им работи, не можат да ме најдат во него. Телефонска поддршка хмм.... http://xkcd.com/806/

Еве на крај и една пофалба: морам да истакнам дека конечно овој месец фактурата на One стигна во сандачето пред рокот за плаќање што е навден на неа. Благодарност за ова до надлежните.

1 Comment

Мене секогаш сметките од 499

Мене секогаш сметките од 499 денари ми ги наплаќале како 500. Кога го открив тоа почнав да си го барам кусурот назад (нели тоа се 1*10*100*1000 неоданочени денари?) One се еден голем mkfail али ако ме прашаш мене од мобилните оператори го имаат балансот на услуга/цена за разлика од ТМобиле кај шо првиот ден од мојот нов prepaid број, ми се јавија 100 маркетинг спамери ко демек „случаен избор“ или Vip кај шо ќе ти начукаат сметка од 5000 за (не)остварен нет сообраќај