Мала автобуска анализа

Tags: 

Додека се возев денес во еден од новите автобуси на ЈСП некако се присетив на молбите на директорот на македонската компанија „Санос“. Тој јавно ја повикуваше македонската влада да ја одбере оваа македонска компанија за набавката на новите автобуси.

Не сакам да отварам некаква дебата за моралната исправност на одлуката за набавката таква каква што е, ниту пак за можните неправилности во набавка што треба да се спроведе согласно закон.

Но, затоа еве една мала економска анализа.

Да претпоставиме, како што љубат да речат економистите, дека јавната набавка е целосно исправно спроведена, дека нема неправилности и скриени информации, дека е транспарентна и непристрасна.

Да претпоставиме, исто така, дека компаниите што наддаваат работат комплетно според законите, сите вработени им се пријавени, редовно плаќаат даноци во своите земји, немаат скриени приходи и слично.

Ако суровините потребни за производство на автобуси се достапни на слободен пазар (на пример можеби светска берза), тогаш цените со кои компаниите ќе наддаваат ќе зависат единствено од нивните способности и перформанси на пазарот т.е. од нивната конкурентност. Нивната конкурентност пак е функција на трудот, капиталот и технологијата со која располагаат, и можеби некои (за фирмите) екстерни фактори (како што се на пример царините).

Значи, ако „Санос“ не може да победи на тендер во услови опишани погоре, тогаш тој не е доволно конкурентен, но - тоа е тоа нели - во капитализмот победуваат најдобрите.

Само што „Санос“ е македонска компанија која работи со трудот што го купува на македонскиот пазар на труд и капиталот што го купува од македонските банки, и според правилата што ги пропишува македонската влада. Ако оваа компанија не може да победи на тендер во Македонија, тогаш каква порака им испраќа Македонија:

1. На потенцијалните инвнеститори за тоа каков квалитет на бизнис може да имаат ако инвестираат овде;
2. На странските донатори и кредитори кои со години наназад вложуваат пари во реформирањето на разните делчиња од економијата за таа да стане поконкурентна;
3. И, воглавно, на сите заинтересирани за успешноста на реформите што се спроведуваат?

Тоа.

1 Comment

Економска теорија(пропаганда)

Економска теорија(пропаганда) е една страна, додека, академски не анализирана економска пракса, сооooсема друга страна... Грујо е човек кој сака популистички резултати во најбрз можен рок, а Санос, иако е наш и без разлика колку да сме патриотски наклонети, едноставно нема капацитет и финансиски можности да испорача. Потешкотии при докажување на провизија или мито од меѓународни компании, него ни коментирам.

Како инстант илустрација, се следиве линкови:

http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=9A789944726C7D42A5B1CCEB71D...

http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=131840