Submitted by Новица on
Tags:
Ако коритата на реките се нерегулирани и немаат кеј, реките ќе се излеат и ќе направат поплави. Реките се излеваат секоја есен и/или пролет, зависно од врнежите и топењето на снегот.
Снегот паѓа во зима, а понекогаш и во граничните месеци. Затоа набавката на сол или опрема за чистење на снегот треба да почне да се планира и спроведува уште во септември.
Сите овие природни појави се случуваат секоја година и не треба да ме изненадат.
3 Comments
Еве ги моите белешки: Виша
Submitted by Игор Стама (not verified) on
Еве ги моите белешки:
Виша сила не постои, тоа е еуфемизам за неодговорност и неажурност. Меѓудругото, хидрометаролошкиот завод сеуште објавува редовни времески прогнози, тие помагаат да се предвидат временските неприлики.
Изградените хидроцентрални покрај тоа што произведуваат струја служат и за регулација на водостојот во зависност од нивото на вода која се собира и испушта од акумулациите, неизградените хидроцентрали исто така се проектирани меѓу другото за заштита од поплави, последна од таков вид е Козјак, која не е изградена за производство на струја туку за заштита на Скопје и Скопското поле од поплави, производството на струја е само дополнителен бенефит. Градењето нови хидроцетрали ќе помогне да се реши проблемот со поплавите.
Мостовите треба да се градат соодветно на водостојот на реките во целата година во текот на повеќе од 10-тина години, а не само кога е суша, реките надоаѓаат кога има повеќе врнежи и кога се топи снегот.
Ако не се исчистени нивните корита, тие ќе ги употребат сите делови од одпад, гранки и дрва против мостовите, во таквата ситуација, мостовите немаат никакви шанси и ќе попуштат пред тие наноси.
Тоа креира поголема штета, од трошокот за подготовка, чистење и изградба на регулирани водотеци на реките.
Поплавите ги уништуваат есенските насади, тоа значи дека цената на храната ќе биде поголема, зошто родот ќе биде само од она што ќе се насее напролет, ако и тогаш има нагло топење на снегот и поплави, тогаш ќе треба да се увезуваат земјоделски производи во земја која аграрот и е една од стратешките гранки.
Ај тоа. Али планираш да
Submitted by Анонимен корисник (not verified) on
Ај тоа. Али планираш да станеш политичар а?
Паметно направено. ;)
Submitted by ADLF (not verified) on
Паметно направено. ;)