July 2006

Чекајќи ја новата Влада

Tags: 

Ние сме прдеж држава - ми вели. Чмаеме во утробата на еден голем и сложен систем. Понекогаш предизвикуваме тегоби, понекогаш не. На излегување, пред смртта, ќе привлечеме внимание. Сигурно ќе смрди, а можеби ќе има и бука. Но, само кратко - завршува, неколку минути потоа ќе исчезнеме во заборав.

Но, добриот ручек можебо ќе се памети - одговарам.

Firefox/Thunderbird 2.0

Tags: 

Со само 4 часа спиење, викендов успеав да ги доведам новите en-US датотеки во преведибилна состојба, и ако не биде ептен жешко деновиве ќе ги средам новите околу 1000 стрингови за да имаме бети за тестирање на македонски јазик.

Целата процедура беше прилилно tricky и сега некој да ме праша како да го повторам процесот, веројатно ќе го гледам бело (фала богу дека не документирав ништо). :)

Било како било, си мислам ова да биде мојата последна активност околу локализацијата на мозилини апликации, и палката за следните верзии да ја преземе некој друг. Па, ете, ова нека биде и повик за идни заинтересирани одржувачи на преводот на Firefox и Thunderbird.

U2/Negativland

Tags: 

Филип сподели една книга со мене, а јас да ја споделам приказната со планетава.

Копирајт лектира за оваа недела: aмериканците Negativland и ирците U2.

Музичето за даунлоад на страницата на веселата дружина.