Submitted by Новица on
Tags:
Ќе користи ли некој gmail ако за него треба да плати данок?
Минатата година Ебен Моглен одржа серија предавања за откритијата на Едвард Сноуден и последиците што тие ги предизвикуваа(т).
Една од клучните поенти во овие предавања е во третиот дел каде Моглен почнува да зборува за приватноста и нејзината загуба како еколошки проблем:
I would ask you also—in thinking analytically about this substance “privacy” whose continuation I am asserting is essential to democracy’s survival—I would urge you also to consider that privacy is an ecological rather than a transactional substance. This is a crucial distinction from what you are taught to believe by the people whose job it is to earn off you.
The reason that we have to think about privacy the way we think about the other ecological crises created by industrial overreaching is that it is one. It’s that we can’t avoid thinking about it that way, no matter how much other people may try to categorize it wrongly for us.
Од економска гледна точка на еколошките проблеми се гледа со помош на т.н. екстерни ефекти. Екстерен ефект во оваа смила е било која корисност или трошок која што ја добива / трпи некоја страна која тоа немала намера да го прави. Екстерните ефекти можат да бидат позитивни или негативни. Но генерално кога зборуваме за екстерни ефекти, најчесто мислиме на негативните. Загадувањето на воздухот е очигледен пример.
Негативните екстерни ефекти во смисла на кризата со надзорот на интернет се тоа дека дури и да не користите електронска пошта од на пр. gmail сепак праќате пораки до некој што користи и со тоа ја изложувате вашата комуникација на надзор. Во суштина, колку и да изгледа контраинтуитивно, еколошката криза ја создаваат корисниците на сервисите како gmail (и самиот gmail се разбира) бидејќи ве изложуваат на трошоци (ерозија на приватноста) што вие не сте ги посакувале (очигледно — бидејќи ете си користите сопствен сервер за електронска пошта). Слично како кога возите точак и ги дишете издувните гасови на автомобилите што ги возат вашите комшии, пријатели и сограѓани, кога сурфате ги трпите негативните ефекти од мрежата во која учествувате.
Економијата се обидува да се справи со овие проблеми (на загадувањето) прекуалатки како што е „принципот загадувачот плаќа“. Поентата на ова е дека страната што е одговорна за загадувањето треба да ги сноси сите трошоци, вклучувајќи ги и оние кои се екстерни — т.е. влијаат на пошироката средина.
Оттука, ако го растегнеме принципот до ИКТ средината, државата, како на пример Бразил, може да го регулира надзорот од страна на странските агенции над своите граѓани со тоа што ќе го примени принципот загадувачот плаќа на оние граѓани што користат сервис за електронска пошта за кој се знае дека до него простип има НСА. Во основа ова би бил даночен товар за тие корисници. Приходите од тоа понатаму би можеле да одат за подобрување на домашната ИКТ инфраструктура.