Предавања и презентации

Tags: 

Низ годиниве се насобраа многу презентации и предавања што сум ги одржал во разни прилики. Повеќето слајдови се достапни на интернет.

Еве го (речиси) целиот список:

25 април 2013
Предавање на тема „Социјалните медиуми и новинарството“ на Високата школа за новинарство при МИМ.

15 април 2013
Предавање за потребите од билиотеки во дигиталното доба на финалната дебата на МОФ.

20 ноември 2012
Предавање на тема „Зошто хакерите хакираат?“ на ФИНКИ.

13 ноември 2012
Предавање на тема „Слободниот софтвер и неговите општествени последици“ на ФИНКИ, заедно со Дамјан Георгиевски.

25 февруари 2012
Говор за акивизмот што треба да се прелее надвор од интернет „Отаде тајмлајнот“ на конференцијата за друштвени медиуми и активизам Engage.

15 јануари 2011
Говор за ширењето на хакерскиот дух по повод 10 годишнината на Википедија.

Декември 2006, 2009 и 2010
Одржани три презентации на конференцијата Е-општество. Во 2006 за слободен софтвер, во 2009 за улогата на поединците и хакерскиот дух на интернет и во 2010 за Националната политика за слободен софтвер.

24 и 25 ноември 2010
Одржани две предавања за слободен софтвер на Институтот за информатика при ПМФ на предметот Професионална етика. Предавањата ги одржавме заедно со Дамјан Георгиевски.

24 април 2010
Одржано предавање на тема хакерска етика на Њу Јорк универзитетот во Скопје за постдипломските студии по нови медиуми.

Ноември 2003 – Март 2009
Одржани десет предавања за слободниот софтвер и неговите општествени импликации на студентите по новинарство и политички студии на Правниот факултет, УКИМ Скопје. Предавањата ги одржавме заедно со Дамјан Георгиевски, а со голема поддршка од Миша Поповиќ.

9 мај 2008
Одржана презентација на конференцијата Glocal 2.0. Презентацијата насловена „Мојот блог е моето CV... или не“ беше резултат на мало истражување за тоа дали македонските регрутери на работна сила знаат доволно за новите пробиви во социјалниот софтвер и дали ги сметаат за релевантни при утврдувањето на способностите, знаењето, верувањата и ставовите на луѓето. Целиот текст од истражувањето е објавен во „Културен живот“ 1-2/2009. Истражувањето и текстот ги правевме/пишувавме заедно со Марија Костовска. Трудот е достапен и на инетернет.

15 мај 2007
Одржана презентација за слободен софтвер, мрежи, заедници и споделување на конференцијата за слободен софтвер организирана од UNDP Македонија. Презентацијата ја направивме заедно со Дамјан Георгиевски.

27 декември 2005 и 21 декември 2006
Одржани две предавања за слободен софтвер и пазарна конкуренција за студентите по е-бизнис на Економскиот факултет, УКИМ Скопје. Предавањата ги одржавме заедно со Дамјан Георгиевски и Игор Стаматовски.

10 декември 2005
Одржано предавање за слободен софтвер и отворени стандарди на саемот за локална самоуправа во Скопје.