Телевизија: Star Trek, Олимпијада

Tags: 

Обично не гледам телевизија, или гледам работи на Discovery од типот одгледување марула во оранжерии во воден раствор. Ама се погоди деновиве да има Star Trek и Олимпијада на ТВ.

Па:

Драга Телма, убаво од вас што ја давате серијата, ама преводот (не знам додуше кој го правел) ви е лош, мнооооогу лош. Ако толку не се снаоѓате со такви термини, сте можеле да најдете хрватски преводи, па од хрватски на македонски можеби ќе било полесно. Ме мрзи коментаров да го праќам и по е-пошта, доста ќе е блогов.

Олимпијада. Иако генералниот став ми е дека спортовите во кои судии оценуваат за медали наместо да има некој стандарден бројач како голови, кошеви, секунди и сл. не треба да имаат место на натпреварувања, сепак гледам уметничко лизгање. Естетски моменти и сл.

А, Олимпијадата нели е и за човечкиот дух и некои такви вредности. Затоа, секоја чест за кинескиот пар кој во понедлникот (мислам) доби медал во уметничко лизгање. По крајно лош, заебан пад, во кој сигурно претрпе повреда, девојката зема здив една минута, и потоа со својот партнер ја заврши програмата успешно изведувајќи пар незгодни скокови, вртења и сл. На крајот кинезите добија долг аплауз и оценки кои дефинитивно повеќе се однесуваа на духот, менталната сила или што и да беше тоа што ги натера да се вратат на мразот (цврстата рака на кинеските спортски власти? :)), а не толку на изведбата. Ете некое фајде од оценувањето и почит за кинезите.