Submitted by Новица on
Tags:
Којзнае дали претставката што ја испраќавме (ping @igor_stama) имала некоја улога (види овде и овде), но УКИМ од оваа академска година не наплаќа за индески и студентски легитимации.
Патем, и малку оф-топик, јас одговор на претставката никогаш и не добив иако според Законот за постапување по претставки и предлози (Службен весник на РМ бр.82/08 од 8.07.2008 год.) треба да добијам одговор во рок од 30 дена:
Член 9
1) Органот кој постапува по претставките и предлозите е должен да му одговори на подносителот за основаноста и за резултатите од постапувањето во рок од 15 дена, а за сложени прашања во рок од 30 дена од приемот на претставката, односно предлогот.
Изгледа треба да го барам студенсткиот правобранител.
1 Comment
Главната улога ја има законот
Submitted by Gorco (не е верификувано) on
Главната улога ја има законот за кој што пишував (http://novica.softver.org.mk/node/596), со потенцираните членови кои се јасно напишани и не оставаат место за пратеничко "автентично" толкување... заеби го студентскиот правобранител, политичка фигура. Од сите текстови и коментари на темата, може добра новинарска сторија да се напише, но кој телевизиски медиум во моментот во МК би се нафатил да застане позади неа, за да има барем некоја позитивна реакција!? Пишаните медиуми, гледано од практичен ефект, имаат импакт од денес-за-преку-утре, без разлика дали е МК, Германија, УСА, Русија или Кина.
Телма или Алфа, кога би имале ударна драма серија во 20 часот и веста да ја вртат со недели, како што правеше А1... проблемот е што и двете телевизии мудро ги "играат" двата политички блока...