Submitted by Новица on
Tags:
Она што го знам за Словенија и Љубљана се вообичаените општи информации што низ годините формално и неформално образование се собрале: дека ја имаат највисоката ски-скокалница, дека единствената нукеарна централа во Југославија е таму, дека тоа е татковината на Франц Прешерн.
Сега знам дека имаат и супер опремен хаклаб.
Но, од „политичките прашања“ се присетувам на еден дел од книгата на Дејан Јовиќ „Југославија - државата што одумре“ за тоа што Словенците имале на ум кога се отцепувале - а тоа е, незадоволни од ситуацијата во која се наоѓаат, да направат она што во европската континентална мисла, а по потекло од Германија се нарекува Rechtsstaat (правна држава, нели?).
Впечатокот е дека успеале.
Настрана тоа, настанот поврзан со Mozilla беше интересен иако сѐ уште имам измешани впечатоци за тоа што тој всушност преставува или која е неговата цел.
Сепак, се вратив со една интересна опсервација. Освен македонската, грчката и до некоја мера косовската заедница, всушност сите други - а овде влегуваат воглавно и колегите од официјалната Mozilla - не се посебно заинтересирани во слободен софтвер, т.е. овие две заедници Mozilla (и отворената мрежа) и слободниот софтвер се чини малку се преклопуваат.
Ова ме наведе на уште едно размислување - дека можеби токму ваквата поставеност на нештата во Македонија - поврзаноста на Firefox пред сѐ со сѐ друго што работиме околу слободен софтвер е пречка за поголема вклученост од страна пошироката заедница (која веројатно користи неслободни оперативни системи). Дали има вистина во ова - не знам.
Лична белешка:
Пробав месо од коњ. Сочно. :-)