Пол Ван Дајк за P2P и даунладирањето музика

Tags: 

Го читам последниот број на Авангарда и налетувам на интервју со Пол Ван Дајк:

Q: Даунлодирањето е одлична работа! - изјавивте во една прилика. Што мислите за бесплатното даунлодување и бесплатната размена на музика? Дало сметате дека тоа ја намалува продажбата на CD-ата и винилите?

A: Секако дека илегалното даунлодување ја намалува не само продажбата на моите албуми туку и на сите воопшто. Луѓето мора да разберат дека за да се биде во тек со електронската музика потребна е постојано нова опрема и тоа треба некако да се финансира. Ако еден не може да живее од својата музика и не може да инвестира во неа, таа ќе стане многу досадна и ќе изумре. Луѓето треба да имаат постојано на ум дека музиката, која некој ја финансирал, треба да ја платат. Поентата е во тоа што со самото купување на албумот на пример на Роби Вилијамс вие го финансирате издавањето на некој маалски бенд. На крајот на денот треба да платите за нешто за кое некој веќе вложил труд. Ова е се што можам да кажам за илегалната размена на фајлови. Мислам дека до пред некое време беше во ред бидејќи тогаш немаше iTunes на пр. Мислам дека сега е возможно легалното купување на музика и треба да и дадеме можност на музиката да се развива понатаму.

После ова, разговорот продолжува некако чудно со: „Кои други стилови ги слушате?“. Мене ми се чини дека следното прашање овде требало да биде: „А што мислите како луѓето знаат за вас во Македонија?“, а вака пост-журката јас би прашал и „Од каде толку голема гужва на вашата журка во Македонија?“.