Градски белешки од патувањата

Tags: 

Постои ли друг начин да се изгради град освен со моќ и насилство?

Не е само за тоа дека луѓето се брутални кон природата кога одлучуваат да срамнат брдо и да исечат шума за да направат пат и трговски центар.

Навистина е за тоа дека тој што ја има моќта го гради градот.

Стоејќи на единственото брдце во околината некој француски генерал рекол: „Ах ова е кралско брдо“ и ги удрил темелите на Монтреал (Монт ројал). Сигурно, ако ги имало таму, старите жители на Канада не биле среќни поради тоа. Но ние денес велиме дека Монтреал е убав град.

А што е со Скопје? „Старо“ Скопје било градено од позиција на моќ по желбата на српскиот кралски двор. Потоа природата ја покажала својата моќ. А по неа дошло пак времето на политичарите и се чини тоа време уште не е истечено. Но денес ним им се придружуваат и приватните инвеститори.

Што е тука ново?

2 Comments

Како ги вклучуваш девојчињата

Како ги вклучуваш девојчињата во оваа анализа? Тие секако користат тоалетна хартија и мала нужда?

Горниот коментар беше наменет

Горниот коментар беше наменет за постот "Пазарот на тоалетна хартија ...".