Submitted by Новица on
Tags:
Според последните новинарски извештаи, се ближи денот Д за европската иднина на Македонија. Се вели дека исходот на тој ден целосно зависи од решението за проблемот со името.
Не знаеме колку што од ова е точно и каква сѐ политика е во игра, но за целите на овој текст ќе претпоставиме дека предлог е ставен на маса и дека Македонија може да прифати и одбие.
Значи, Македонија може да прифати промена на името и влез во ЕУ, или да одбие промена на името и да остане надвор од ЕУ. За Македонија посакуваната варијанта е да го задржи името и да влезе во ЕУ, но таков избор, како што велат, не е возможен.
Во економија, еден од основните концепти што се учи е „опортунитетен трошок“, а се однесува на два посакувани избори кои меѓусебно се исклучуваат. На студентите на предавање овој концепт, инаку обмислен од Џон Стујарт Мил, им се објаснува со изборот работа или студии (иако опцијата вонреден студент во Македонија малку го руши примерот). Младиот матурант е соочен со избор: може да студира или да работи. Ако работи, тогаш не може да студира, да се здобие со диплома и во иднина да најде подобра работа. Тоа е опортунитетниот трошок на работењето. Ако студира, тогаш не може да заработи пари. Опортунитетниот трошок се парите што можел да ги заработи.
Понекогаш, опциите кои се пред нас не можат да се изразат во пари, но сепак опортунитетниот трошок сѐ уште е присутен, иако можеби тој тешко се согледува. (Во економијата, постои разлика меѓу опортунитетниот трошок и сметководствениот трошок).
Назад на прашањето за Македонја и ЕУ. Ако Македонија го смени името (и влезе во ЕУ), тогаш опортунитетниот трошок ќе биде во она што може да се добие од неменување на името. Неменувањето на името пак, како опортунитетен трошок го има сето тоа што може да се добие со влегувањето во ЕУ.
Пресметајте.
1 Comment
1. Законите од ЕУ, со
Submitted by Gorco (не е верификувано) on
1. Законите од ЕУ, со економско-прилагодување на казните, може скоро целосно да ги примениме и кај нас, ако политички сакаме!
2. Судството може да биде минимално корумпирано по некојси субјективен ЕУ стандард, а не да чекаме со децении закон за бесплатна правна помош, економско-реални судски такси и не-толерирана-корупција барем за обичниот гласач, ако политички сакаме!
4. Патата инфраструктура треба да биде главен приоритет, од изградба до поправки, ако политички сакаме...а не со години да се смислуваат богус проекти за тендери само за личен профит!
5. Една од неколкуте работи за која Грујо има кудос од мене е иницијативата за проектите во образованието. Барем го раздвижи 15 годишниот образовен трулеж од страна на спротивниот политички блок. Се разбира, и овдека имаме банални примери за корупција која е генерирана во самата потсвест на нашите политичари, со цел за брза заработувачка по секоја цена. Грујо може да ги сопре, ако политички сака и има лидерски м**а! Очугледно нема!
6. Кој бил по семинари во врска со пристапните ЕУ фондови, знае дека тоа е голема економска машинерија за перење пари и штитење на интересите на големите држави членки во ЕУ. Кој пишувал проект, знае дека лобирањето и мито е 95% од целата работа. За нашите граѓани, нема реална корист од фондовите... и онака 90% од средствата се враќаат назад по default.
6 точки од околу 20 што ги имам на умот... поентата ми е дека нашата држава не оди прогресивно напред поради внатрешниот непријател, од егоистички причини, а не дека не сме членови во друштвото на ЕUnion. Со промена на името и удоволуваме само на Грција, не и на самите нас.