Submitted by Новица on
Tags:
Гостување на Борис Буден за мене секогаш е интересно, па така и овој пат појдов во „Мала станица“ да видам и чујам што има. Овој пат темата беше „нови форми на фашизам“ или „препознавање на фашизмот денес“.
Мојот впечаток од тоа што како воведничар го зборуваше Буден е дека погрешно е да зборуваме дека фашизам наеднаш се појавил. Тој долго зборуваше за линии на континуитет и ми се чини дека токму ова го утнаа домашните говорници и дел од публиката кога настапија со својата позиција на чудење дека нам, овде во Македонија, фашизам наеднаш почнал да ни се случува по 2006 година. Друг впечаток е тоа што ми се чини дека економските прашања ќе остане неотворени ако за тоа не се погрижеше другиот гостин од Хрватска — Томислав Медак. (Се разбира имам резерва дека не сум разбрал сѐ што се зборувало, па молам и за коментари.)
Но, еве, два-три збора повеќе за она што го разбрав: подоцнешната дебата за Скопје 2014. Прво, тука беше амнезијата за потеклото на плановите. Јавна тајна е дека дел од тие планови се правени за време на владеењето на СДСМ, т.е. пред 2006. Чудењето „како ова ни се случи“ речиси ја дополнува таа амнестија и секако ги игнорира линиите на континуитет. Второ, тука беше (постојано) наивното верување дека естетиката и архитектурата се најважни. На пример, коментарот: „каде се хард-кор националистите да се бунат за некои не националистички аспекти на проектот“ комплетно го игнорира факторот пари — т.е. дека и хард-кор националистите имаат цена и можеби нивната е неколку тендери или неколку парцели градежно земјиште што ќе им дозволат мирно да спијат покрај ненационалистичкиот споменик.
Трето инсистирањето на тоа дека „општина Центар е значајна победа во борбата против режимот — затоа што таму каде што најмногу се вложило, таму изгубија“ зрачи со ароганција типична на дебатата Скопје-провинција, но и на реалната игнорантност за тоа што се случува во другите делови на нашата не така голема Македонија. Сосема е можно на други места да се доволни две-три сијалици, или чешма и резервоар за вода, или нови прозорци во школото, или само шљунак на патот за да се добие слика за успешна Влада. Но во Центар, каде што живее најголем дел од естаблишментот на земјата, поранешните партизани, сите станови во градски ѕид кои им припаѓаат на луѓето на позиции од претходната држава и куќите на Водно и што уште не, за да се добие тој успех потребно е повеќе — очигледно не се доволно 400 милиони евра на 2 квадратни километри. Но, ова не е успех на отпорот против владењето што токму таму најмногу се потретира како фашистичко, ниту пак е неуспех на владата. Зошто би бил било што кога е тоа само мало делче. Како приказните (на пример) за гордата и независна Црна Гора во Отоманско време — тоа баш ја прави империјата неуспешна, нели?
Што уште? Не ми се верува дека сѐ уште има луѓе што можат да кажат дека СДСМ е левица и притоа да бида озбилни. Ајде да не коментирам повеќе за тоа.
И конечно, кукањето дека „ние тука немаме никакви ресурси“. Ебате, настанот е поповод 20 годишина од Хрватско анти-воено списание од време на војната. Зар тие тогаш имале повеќе ресурси? Мислам дури и да не се повикам на едноставниот „еј па имате интернет“ аргумент, очигледно е дека ова е полошо од жалење. Печатењето на хартија денес е поефтино од пред 20 години, компјутерите за ДТП се поефтини, дистрибуцијата (веројатно) е поефтина. Дали ќе биде тешко? Веројатно, но сигурно не потешко од факинг Загреб во 1993.