Submitted by Новица on
Tags:
Дали знаете кои државни обрасци се достапни за употреба само преку комерцијални продавачи?
Студентските индекси, пријави, семестрални листови и слично за државниот УКИМ.
Се разбира не сум 100% сигурен во ваквата констатација, бидејќи не можам ни да замислам какви сѐ не обрасци се потребни за комуникација со државните институции. Сепак, моето какво-такво познавање на состојбите вели дека:
- во Агенцијата за катастар на недвижностите обрасците се бесплатни и достапни на интернет,
- во МВР обрасците за пасоши, лични карти и возачки дозволи се бесплатни,
- даночните пријави од УЈП се бесплатни и достапни на интернет, а дополнително Управата ги испраќа по пошта до обврзниците,
- Заводот за статистика исто така ги испраќа своите обрасци бесплатно по пошта до лицата што треба да предадат информации за статистички потреби,
- обрасците за регистрирање на фирми и сѐ друго на Централниот регистар на РМ се бесплатни и достапни на интернет.
Мислам дека се ова доволно примери за илустрација.
Сега да се вратиме на апсурдната ситуација со УКИМ (и можеби со другите државни универзитети?). Еден индекс на УКИМ чини 500 денари. Станува збор за 30тина страници во А6 формат. Со 8000 бруцоши годишно тоа се 4.000.000 денари годишно. Мислам дека за овој тираж и формат нема печатница во Скопје што ќе даде повисока цена од 1 евро за парче. Ништо не друго не останува да се праша за ова, освен „кај се парите?“. Пријавите за испит пак се на своја „симболична цена“ од 30 денари. Не знам дали некој знае и може да објасни како еден образец што го изготвува државна институција се продава по претерани 30 денари? Пријавите се трошат по стотици илјади секој семестар. На печатење сигурно не чинат повеќе од 2 денари? Образецот за заверка на семестрар пак има посебна цена од 50 денари? Станува збор за иста А4-ка како пријавата за испит, со горе-долу исто количина боја на неа. Кој, како и зошто одредил арбитрарно повисока цена за овој образец?
За да биде работата уште позачудувачка, ваквите монополистички цени на обични обрасци за комуницирање со државна институција ги плаќа единствено група на граѓани што нема свои примања, и воглавно се смета за сиромашна.
Не знам дали ова ја допира моменталната „битка за автономија“ на УКИМ, но ако ја допира, тогаш убаво би било универзитетот автономно да ги скенира и стави сите обрасци потребни за студиите како PDF-а на својата веб-страница.
Новинарите, од друга страна, би можеле да се заинтересираат чија е печатницата што има ексклузивно право на печатење на овие обрасци.
Студентите? Ајде да фотокопираме пријави!
5 Comments
Нашите студентски движења се
Submitted by Никола (not verified) on
Нашите студентски движења се навистина агилни, и секако дека знаат што треба да направат за да го подобрат животот и квалитетот на студирањето... Како не! Пувала без никаков легитимитет се носители на одговорни функции во студентските „дез-организации“, и се заинтересиран за промоција на партиски и финансиски интереси. Но, и со вакви неодговорни студенти тоа уште долго ќе остане така.
Се сложувам со предлогот, чиста 10ка колега :).
Со ваквиот потег ќе се реши и проблемот со фалсификуваните обрасци, кои јас лично многупати ги имам сретнато.
Во врска со индексот, со
Submitted by Gorco (not verified) on
Во врска со индексот, со последните промени од Февруари 2011-та, во член 116 ставови 6-9 од законот, сега се добива индекс во писмена И електронска форма, или, само во електронска форма, со тоа што финансиите за индексот се практично САМО од партиципација на студентите (член 86 и 87 од законот). Платиш партиципација и ти следува индекс, без дополнителен трошок.
Сите други давачки и нивниот износ се наведени во "мерила и критериуми за кофинансирање на студиите на јавните високообразовни установи и за партиципациите и другите давачки на студентите на високообразовните установи" донесен од Советот за високо образование, а на предлог од Ректоратот, согласно членот 83, став 1 алинеја 8. Дали треба некој образец да се плати или не, треба да пишува во тој ценовник. А за јавно објавување на интернет или во Службен Весник, се додека со закон не се наложи (како сега со индексот или со самоевалуцијата) се ќе си остане во самоволието на универзитетите, поткрепено со пасивноста на студентите.
Горчо, одлични
Submitted by Новица on
Горчо, одлични информации.
Дали овие документи ги има некаде онлајн? Или ако ги имаш ти дали може да ги закачиш некаде?
За индексот, новите правила
Submitted by Gorco (not verified) on
За индексот, новите правила важат од учебна 2011/2012 година, а измените ги имаш на http://www.pravo.org.mk/download.php?id=5484, Службен Весник 17 од 2011.
За "ценовникот" :), мислам дека го немаат објавено во некое официјално печатено издание, а објава на интернет е само студентска фантазија, според мене од една проста причина што, за секоја наплата која се коси со ценовникот, законот предвидува казнени одредби. Можеби Студентскиот Правобранител би можел да помогне? ;)
ОК. Нека го има и ова тука.
Submitted by Новица on
ОК. Нека го има и ова тука. Печатница што ги печати обрасците:
Назив Трговско друштво за вработување на инвалидни лица производство промет и услуги ГРАФОПРОМЕТ 1 ДОО Скопје
Правна форма ДРУШТВО СО ОГРАНИЧЕНА ОДГОВОРНОСТ
Дејност Друго печатење
ЕДБ MK4030994132009
Матичен број 4827520
Жиро сметка 000220401100021070
Депонент банка МАКЕДОНСКА БАНКА - А.Д.
Адреса ПАРИСКА Б.Б.
Место СКОПЈЕ-КАРПОШ
Телефон 091/373-687
Факс 091/373-687
http://ujp.gov.mk/mk/prebaruvanje_pravni_lica/prikazi?edb=MK4030994132009