Викикапавици на крајот на интернет

Tags: 

1. Интернет

Во текст што е стар најмалку 7 години (преведен на Багра на времето),
Doc Searls (попознат како уредник на LinuxJournal) и David Weinberger (попознат како автор на Everything is Miscellaneous: The Power of the New Digital Disorder) ја објаснуваат суштината на интернетот:

Еве се трите основни правила на однесување кои се директно поврзани со фактичката природа на Интернетот:

а. Никој не го поседува;
б. Секој може да го користи;
в. Секој може да го подобри.

Овој текст е 'рбет (барем за мене) на кој лесно се надоврзуваат други автори од областа на интернет, технологијата и законите. Меѓу првите тука е Лоренс Лесиг со „Код и други закони на киберпросторот“ (книгата ја има во библиотеката на 2с.мк) и Џонатан Зитрејн со својата „Иднина на интернет и како да ја спречиме“ (еве го на TED). Ова се значајни дела што објаснуваат како технологијата водена од корпорациите и законите водени од владите (ќе) играат се поголема улога во / на интернет. Но, истовремено, тоа се мачни четива за секој што мисли дека интернетот - таков каков што го знаеме - е (можеби) најголемото човечко достигнување.

Сме инвестирале толку многу на нашите краеви на интернетот - јас на овој блог, ти на твојот, на твојата Фејсбук сметка, Википедија или некаде другде - за сега мирно да гледаме како тоа може да биде уништено. И не сме само ние. Дури и Фејсбук, можеби најголемата компанија на интернет денес - сигурно една од двете - постои и заработува бидејќи, како што вели Лесиг, „платформата е таа што го овозможува пронајдокот“ и заклучува „владите коваат заговор со старите светски сили да ги отстранат условите потребни за овој успех“ - за на крај, друг Фејсбук да не е можен.

Клучниот концепт кој е тесно поврзан со ова е неутралноста на мрежата, тема која (за среќа) не остана нечепната и на македонскиот крај.

Признавам, не сум доволно вичен да ги пренесам зборовите и мислите на Лесиг или Зитрејн на доволно јасен македонски јазик така што приказнава би станала појасна или помалку конфузна.

2. Викиликс

Но еве што знам. На еден од овие краеви на интернет се појави Wikileaks. Како што велат Сирлс и Вајнбергер: Да се поврзете на Интернет значи да се сложите да додадете вредност на неговите краеви. И по последниот додаток на нивниот крај - депешите од американските амбасади - многу луѓе, компании, организации и држави почнаа да велат дека ова не може вака. Интернет не може вака.

Содржината на тоа што е објавено е неважна, политичките мотиви исто така. Дали се сложувате или не со работата на Викиликс е неважно, дали мислите дека Асанж е крив или не исто така. Дебата се сведува на тоа која ќе биде иднината на интернет, или како што тоа го вели EFF во својата објава: Грешите ако мислите дека ова е само за Викиликс. Затворањето на мрежни места како што е Викиликс е сериозен напад на слободата на изразување.

Текстот продолжува со цитат од Универзалната декларација за човекови права:

Секој има право на слобода на мислење и изразување. Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите.

Многу од овие зборови се погазени случајот со Викиликс. Сега знаеме дека големи, моќни компании се на телефонски повик до цензура. Знаеме дека не можеме да им веруваме на најголемите институции во платниот промет. ИгорГ убаво забележува:

One of the most disturbing consequences of the WikiLeaks affair, so far not picked up by the mainstream media, is the vulnerability of our international banking payments system, and its susceptibility to centralised control by politically or ideologically motivated entities. The decision of MasterCard, Visa and PayPal to terminate WikiLeaks' accounts without a judicial decision, highlights the control the US can exercise over the international payments systems, and the lack of any viable alternatives.“

Не знам дали некој може да каже каде сѐ ова ќе заврши. Но, можеби, мрачно можеби, ова се едни од последните зборови што ги пишуваме на слободниот интернет.

3. Македонскиот контекст

Судбината сакаше веднаш по „случајот А1“ светот да го доживее cablegate на Викиликс.

Она што останува како трајна забелешка е дека сите оние што вечерта за А1 викаа и плашеа дека демократијата е на удар, дека новинарите се спречени да ја извршуваат својата работа, дека слободата на медиумите мора да се почитува или некој друга фраза, молчат кога нивните колеги од Викиликс се спречени да ја извршуваат својата работа - хостингот им се гаси (тоа како да им го земат серверот) DNS-от им се гаси (тоа е како да немаат пристап до работното место) и парите им се запленуваат. Ниту еден единствен текст за тоа дека слободата на медиуми е важна. Само благ (умерен, договорен?) сеир за содржината на депешите кога таму се спомнува Македонија и вообичаениот спин за случувањата околу наводното обвинение на Асанж.

Викиликс ја има поддршката од The Guardian, NYT, Le Monde, El Pais, Der Spiegel (WLCentral има серија текстови - сега се до број 10 - од новинари со поддршка за Викиликс), па не дека поддршката на нашите новинари нешто посебно ќе им значи или смени.

Како што рекол Ганди: „Mожете да мислите дека вашите дејства се безначајни и дека нема да помогнат, но тоа не е изговор, сѐ уште мора да делувате.“

Но, ете сега (барем) знаеме дека нема зошто повеќе да им веруваме и на македонските новинари.

26 Comments

Декларацијата за човекови

Декларацијата за човекови права прокламира:
„[...] Ова право ја вклучува и слободата да се застапува одредено мислење без никакво вмешување и да се бараат, да се примаат и да се даваат информации и идеи преку медиумите и без оглед на границите [...]“

Гледано на површината, сосема применливо на кутриот Wikileaks, кому му бранат слободно да дава информации...
Но, сосема сум сигурен дека составувачите на Декларацијата не мислеле дека секој има право да објавува украдени доверливи материјали, како што прави Wikileaks. Не е спорно дека материјалите се украдени, не е спорно дека се доверливи (уште повеќе, многу се и државни тајни).
Единственото можно олеснување ќе беше информациите да беа земени од некоја диктаторска влада, од - што знам - Зимбабве, Мијанмар или Конго. Тогаш тие би послужиле за зголемување на демократијата, подобрување на животот и општото добро на жителите на тие земји.

Вака, кога се работи за САД -- држава со демократски избрана власт, која ја има довербата на своите жители, објавувањето на тајни информации може само да штети. Уште повеќе, објавени се и имиња на луѓе кои не се власт, туку државни службеници, кои само си ја вршеле работата. Имавме случаи кога се објавуваа и имиња на разузнавачи или симпатизери...
Тоа е недозволиво. Секоја (демократска) држава има право на свои тајни, на информации кои не се за објавување. Таа ги означила како тајни, според своите важечки закони, и има право да се обидува да ја заштити нивната тајност. Секое друго објаснување е на граница на анархистички теории.

За иронијата да биде поголема, целиот циркус е на чело со кловн кој највеќе од сѐ сака да се промовира себеси, самобендисано човече кое, успат, силува жени (и тоа е она зошто е уапсен во Шведска, не во САД).

Само ќе седам и ќе се смешкам (со горчина) кога за година-две, Асанж, за неброени пари, ќе ја продаде својата „животна приказна“ на некое големо филмско студио (го замислувам Леонардо Дик Каприо како ја толкува насловната улога).
Тогаш, сите борци за човекови права, сите востаници против тиранијата на државите и корпорациите, ќе бидат предадени од самиот нивни Робин Худ, кој се продал за неколку (многу) сребреници.

(Фала, Новица, за твојот текст - иако не се согласуваме во мислењата. Ми недостигаше за да го дооформам своето мислење, кое деновиве ми се маткаше низ глава.)

А можеби во некој од тајните

А можеби во некој од тајните документи ќе прочитаме дека власта и не била демократски избрана?

Ванчо, Многу ми е жал што во

Ванчо,

Многу ми е жал што во твојот напад на апологетика на САД и напад на WikiLeaks, посегнуваш на личен напад на Асанж и проповедаш кршење на законите на една "демократска" држава како што ти ја нарекуваш САД. Личноста и делото на Асанж не беше ниеднаш тема на она што го пишува Новица.

Како прво, објавувањето на украдени документи, макар и државни тајни, не е нелегално во САД, и такви примери имало и порано, кога се казнувал само оној кој ги украл, а не и оној кој ги објавил

http://en.wikipedia.org/wiki/New_York_Times_Co._v._United_States

Законодавната и судската власт во таа земја сметале дека е пожелно да донесат таква одлука која ќе ги заштити правата на објавувачите, како корисна за демократијата. Веројатно и тогаш постоеле апологети на државниот и политички естаблишмент, како што си ти сега, меѓутоа, за среќа на светот, нивните аргументи не успеале да превагнат, и Америка и нејзините идеолошки сојузници уживале поголема слобода и демократија од онаа на "Зимбабве, Мијанмар или Конго". Сега, кога повторно се појавува ист пример на напад на правата за слобода на говорот и демократијата, постојат луѓе кои се противат да се примени истиот аршин. Тоа е проблемот на она што ни се случува.

Едноставно, таа демократија која сакаш да ја одбраниш, не се брани со помалку транспарентност во работата на државниот и политичкиот естаблишмент и неговиот апарат, туку со повеќе. Борбата се водела и порано, во 1971 на линкот погоре, а и денес, и луѓето како Новица се тие кои се борат да се повтори победата од тогаш. Жал ми е што си решил да ја избереш другата страна.

Она што го истакнува Новица не е проблемот дали она што го направил WikiLeaks е нелегално (а нема никаде дури ни тужба), туку проблемот е тоа што имаме примери на забранување на сајтови, донации и повици за убиство (кои се исто така нелегални) без WikiLeaks да биде обвинет за прекршување на закон. Значи, имаме ситуација на корпоративно, а не легислативно наметната цензура.

Тука запаѓаш во замка. Почитувањето на правото, еднаквоста на сите пред законите, овозможувањето на транспарентноста и слободата на говорот е она што ја правеле Америка различна од "Зимбабве, Мијанмар или Конго", а нејзнините жители послободни и со поквалитетен живот. И повикот на Новица е само укажување дека денес, политичките елити користат корпоративна моќ во облик на притисок на забрана на веб сајтови, плаќања и објава со цел да извршат цензура. Во 1971, еквивалентно на тоа би било да се изврши притисок на печатницата да не го печати весникот, и банките да не вршат префрлање на парите за претплата.

Можеби ти фали малку живот на запад, за да видиш како Западот се претвора постепено во она истото против кое се бореше истиот тој Запад во Комунистичка Кина, Советскиот Сојуз или други тоталитарни и диктаторски режими. Од една страна, имаме технологија која ни носи ерозија на личната слобода и приватност во секој поглед, а кога таа технологија го носи истото за власта, повикуваме на слободна интерпретација на законите, линч и цензура.

Интересно е како можеш така лесно да кажеш дека Асанж оди и силува жени, зашто основната премиса на правните системи на Западните демократии, на кои си им апологет, е дека некој е невин додека не се докаже спротивното. Дали си прочитал во што се состои обвинувањето, и дали тоа ти звучи како легитимен пример на силување? Дали во сите земји тоа би било основа макар и обвинување да се покрене, едноставно не знам.

А ако веруваш дека правото на тајни на е поважно од правото на слобода на говор зашто елитите на Запад мислат подобро за животот на обичниот граѓанин, кажи ни. Кажи ни и ако се сметаш за дел од тие елити, и тоа кажи ни го.

Ако ништо друго, барем знаеме

Ако ништо друго, барем знаеме на кој платен список е овој Ванчо.
Нормално, за ваквите ефтини фаци, вистината е најмалку важна, особено ако со тоа се наштетува на неговиот налогодавач.
Секако, од нешто мора да се живее :P

Леле бе Ванчо, толку многу

Леле бе Ванчо, толку многу сплетки си пишал во сопствениот текст што ќе треба уште поголем текст од оној на Igor G, да се објасни колку само НЕ СИ ВО ПРАВО.
Каков црн Мјанмар или Зимбабве или што и да е зборуваш? Дали било која од овие диктатури би биле возможни без учество на Корпоративна Америка во нив. Па прочитај бе малку пред да нафрлаш вакви глупости. Ако сакаш линкови со задоволство ќе ти обезбедам.
Па немој веднаш да судиш. Најтежок тип на луѓе се тие како тебе. Во самиот текст не изнесуваш факти, туку само сопствени убедувања и обвинувања, што немаат никаква врска со реалноста.

Веќе ги осуди како недемократски сите други режими освен САД, а документите укажуваат на тоа дека сите тие системи се такви токму заради САД. Веќе Асанж е продадена душа, силувач и што уште не, и што е најстрашно јасно се залагаш за цензура и контрола на информациите. Ќе оставам сам да си создадеш слика за сопствените ставови кои само ќе ти напоменам дека ти се поприлично out of date.

@ „кога се работи за САД --

@ „кога се работи за САД -- држава со демократски избрана власт, која ја има довербата на своите жители, објавувањето ... Тоа е недозволиво.“

Зашто забога?
Викиликс објавува оригинални документи дека САД вршеле масовни злосторства во двете окупациски војни што се уште ги водат, чии димензии на непријавените топовски меса во лице на цивили и деца, ги надминуваат и вртоглавите прогнози (со +100.000 непријавени жртви) кои истата Влада ги криела од своите даночни обврзници и од медиумите. И, Викиликс треба за сето тоа да молчи само затоа што САД имаат легитимно избрана влада?
Па и Хитлер е избран на редовни, демократски избори.
А и на Дамјан коментарот: што ако документите најдат изборни нерегуларности?

@ „..туку државни службеници, кои само си ја вршеле работата. Имавме случаи кога се објавуваа и имиња на разузнавачи или симпатизери.“

Баш така. Од нацизмот наваму се знае основното морално начело: „Наредбата е наредба“, не е доволно оправдување. Убиството останува убиство што ти си го извршил, дури и да го наредил некој друг.
Нема такво нешто како неутрални граѓани, кои само работеле за скромната плата. И Хитлер беше возможен само заради илјадниците анонимни архитекти на третиот рајх. И сите тие беа легален таргет на денацификацијата по Втората светска војна, никој не им прогледа низ прсти со ова оправдување.

@ "За иронијата да биде поголема, целиот циркус е на чело со кловн кој... силува жени...“

А пресумпција на невиност?
А малце упатеност? Асанж е осуден за консензуален секс во кој не користел кондом. Што во Шведска е криминално дело казниво со околу 750 долари. Сега ќе го влечкаат по судови пар месеци за на крајот веројатно да излезе со баш овој монетарен пенал. (Секако ако до него не се дограпчи во меѓувреме Пентагон или некоја заинтересирана страна и не го однесе во некое Гвантанамо).
Како и да е, неважно. Акцентот што го добива Асанж е срамота за ВикиЛ. Викиликс не е Асанж. Тоа е голема мрежа луѓе кои го користат интернет, и гласаат за транспарентност. Ако не ти се допаѓа овој водач, оди на ОпенЛикс. Ќе се појавам се надеваме и други.

Можеби општествата и не може да издржат апсолутна транспарентност, не сум сигурна, иако лично би гласала дека можат, од вистина никој не умрел, а само се навредил или се осрамотил.
Обратно, од државни тајни на легално избрани политички говеда, умираат милиони цивили.

Конечно ВикиЛ се медиум, и единствената разлика меѓу нив и Гардијан, на пр., е дека тие имаат декларација на насловна дека примаат недекласирачки материјали, за разлика од Гардијан кој го нема. Кога реобјавуваат исти тајни документи, во што е разликата меѓу нив? Нели вчера и самиот Стејт Департмент реобјави документ од ВикиЛ, дали тоа ги прави шпиони на самите себе?

Викиликс покажаа дека веќе нема нет (морална) неутралност, ако некогаш и ја имало. Не во смисла на техничка неутралност, која треба да ја има, туку на морална неутралност. Од морална неутралност низ историјата умреле повеќе луѓе одошто од активизам или дури и егзекутори. Од тие што мирно фаќале сеир. Со викиликс бираме страни. Јас бирам да им верувам на ВикиЛ, друг на Пентагон. Нека испадне за 5 години дека Асанж ја продал својата приказна за Леонардо да направи кариера. Голема работа. Фактот дека базата на ВикиЛ е во моментов на +1000 сервери е доволен доказ дека луѓето бираат страни надвор од медиумите, а во борба за повеќе вистина и транспарентност. Другото се неважни детали и лични судбини. Асанж знаеше дека ќе ги собере сите придобивки, но и ќе го тампонира врз себе гневот. Доволно фер за сите мои стандарди, и тој заслужува секаква почит.

Не можам да дискутирам со

Не можам да дискутирам со анонимни дискутанти.
Јас си настапувам со име и презиме, и така очекувам да биде со сите со кои разговарам. Инаку, не е сериозно и не е еднакво и личи на тролување.
Можеме и да не се согласуваме, ама сакам да знам со кого не се согласувам.

Eve be Vancho, ovoj sum.

Eve be Vancho, ovoj sum.

Igor Gramatikovski, DOB 26.02.1980.

Roden vo Skopje.

Nemam blog niti homepage.

OK?

Ти кажав кој сум / Игор

Ти кажав кој сум / Игор Граматиковски, знаеш кога сум роден и каде.

Што сакаш да знаеш уште за мене? Каде сум завршил? Каде работам? Која плата ја примам? Дали сум кривично осудуван?
Не се сложувам дека е воопшто важно тоа, зашто сите како луѓе треба малку повеќе да научиме да дискутираме, прифаќаме или одбиваме идеи зашто е добра, логички издржана или глупа, а не заради тоа од кого произлегува.

Пред фактите и боговите

Пред фактите и боговите молчат... Ама не и ЦИАш како тебе...

Што е битно кој е кој? Битно е да има дебата, дискусија и релевантни аргументи, да не е тролање. Многу дефиниции имаш измешано, ама налет, во светот во кој верувам сите имаат право да кажат што мислам, дури и ти! Така да кажи си, измести ја темата, дефокусирај слободно, оној со здрав разум знае на што е тоа знак.

Јасна Јасна

Јасна
Јасна Котеска
jasnakoteska.blogspot.com

Горниот коментар е од мене, само не знам како да се логирам со директен линк до самата себе

Фала ви на сите што се

Фала ви на сите што се „деанонимизиравте“.

Зошто инсистирам да знам со кого зборам? Затоа што сѐ останува на Интернет. Не е во ред само моето име и презиме да се појавува во пребарувањата, а сите да разговараме и дискутираме на тема.
Да му одговорам на Игор: нит' сум власт, нит' имам власт, ниту ме интересира колку заработуваш. Нема потреба од таков тон.

Точно е дека мислењата се најбитни, сосема се согласувам, но можеме да се согласиме и дека не се согласуваме во сѐ.

Ванчо, извини на тонот, не

Ванчо, извини на тонот, не мислам ништо лошо.

Меѓутоа, стварно не ја гледам поентата да ме знаеш кој сум.

Уствари, јас верувам дека анонимноста е една од основните постулати во интернет етосот и е она што им дозволува на луѓето да се искажат слободно, без страв од реперкусии, и да делат мислења ослободени од предрасуди и напади на лична основа. Но тоа е друга дискусија и не препорачувам тоа да го дебатираме овде.

Секако дека за нешто нема да се сложиме, ама јас сум отворен за дебата, сакам да ти го наметнам моето мислење ако си спремен да го промениш твоето под силата на аргументите, и секогаш сум спремен да го променам моето ако исто така, некои факти и аргументи се посилни од моите.

И покрај се, во дебатава не гледам дека си дал понатамошни објаснувања на твоите ставови.

Дали воопшто веруваш во слобода на говорот и до каде се според тебе границите?

Не гледам причина зошто не

Не гледам причина зошто не може да се зголеми американската демократија со објавување на овие депеши. Зар тие го достигнале лимитот? И кој е тој лимит? Од кого е поставен и кај е запишан? Впрочем нивната демократија се зголеми и со објавување на Дневниците од војните во Ирак и во Аганистан, исто како што се зголеми демократијата и во Кенија. Сите овие го имаат Wikileaks како заеднички именител, оттука како што пресудил американскиот врховен суд, wikileaks го имаат целосното право да ги објават овие работи. Но, потврда на тоа преку процес во судскиот систем е она што сакаат да го избегнат „демократските“ власти во САД и се впуштија во лов на вештерки преку уцени, на давателите на услуги на Wikileaks без судски налог да издејствуваат блокирање на сметките и прекинување на услугите на нивните ДНС и hosting компании. Вака ли функционираат демократиите? Така ли ќе се прошират демократските капацитети на погоре наведените држави? Јас сметам дека не, и затоа ги поддржувам Wikileaks.

Е сега Џулијан Асанж е ударната тупаница, персонификацијата на Wikileaks, но тој не е Wikileaks, кога го уапсија под обвиненија за силување според Шведските закони, кои се под критика за тоа што се` влегува под дефиниција на силување, па дури и консензуален секс без кондом, повеќето истрчаа и повторно без судска пресуда го осудија и го измачкаа со најгнасни етикети и конструкции, притоа сакајќи да го оттргнат вниманието од нападите да се тргне wikileaks од Интернет.

Ако ги контекстуализираме работите што е тоа поразлично од она што го прави Латас, Миленко, О'Рајли и сличните во Македонија, па еве и со А1 ако сакате. Како може да имаме два аршина за исти случувањае, слобода на говор и слободна на медиумите, па и новинарите да можат да известуваат и да објавуваат материјали за негативни процеси во нивните општества? Разлика нема, барем не за луѓето кои сакаат критички да рамислуваат и да имаат различни и поинкави сфаќања од естаблишментот.

И третиот сегмент од случувањата околу Wikileaks е и самиот Интернет, премогу долго стои во статус кво дебатата за нет нетутралност и регулација на Интернет. Wikileaks ја употребија моќта на мрежата за да стигнат до што поголем број на граѓани, американските власти воз враќаат. Одеднаш повторно се појавуваат и Anonymous, лабава група на луѓе кои се активираат по потреба, исправат неправда, со поинакви средства, со напади кон однапред одбрани цели кои јавно се објавени. Да можеби, целата оваа битка и ќе биде крајот на Интернет мрежата како што ја знаеме, меѓутоа подобро ужасен крај, отколку ужас без крај!

Очигледно битката ќе се води, се води и треба да се води на повеќе фронтови.Ако може Марк Цукерберк да ја продаде својата приказна, зошто тоа да не може да го направи Џулијан Асанж, ми изгледа дека вториов ќе биде многу поинтересен филм, иако морам да признаам дека прилично влијае и кој ќе биде режисерот.

Ок, есеј на тема „Зошто е

Ок, есеј на тема

„Зошто е Wikileaks погрешен потег?“
========================

На почеток, да се разбереме: апсолутно сметам дека мора да постои транспарентност во работењето на владите, без оглед дали се мали или големи, Америки или Македонии. Тоа доаѓа без исклучок.
Дека навистина мислам така, зборува фактот што сум еден од основачите, принципалните финансиери и (поранешен) член на бордот на Транспарентност Македонија. Да нема забуна.
Слободата на новинарството и говорот ми е многу блиска, затоа што и самиот бев сопственик на весник и негов извршен директор скоро 7 години („Форум Магазин“, во „добрите“ денови). За разни весници пишувам од свои 19 години, имам објавено повеќе стотици написи и член сум на ЗНМ од 1986 (иако не учествував во последниве настани).

Натаму, со тоа што не го оправдувам потегот на Асанж не значи дека ги оправдувам потезите на САД, само можам да ги разберам. Ниедна држава, а особено не една од најмоќните во светот, нема да стои со скрстени раце кога ја „чепкаат“. Добога, па со скрстени раце нема да стои ни дете од градинка ако другарчето го мавне со нешто.

И, ве молам, не ги мешајте сите светски несреќи во иста чорба.
Викиликс и Асанж ниту ќе ги запрат војните, ниту ќе донесат светска добросостојба. Американците нема да се повлечат од никаде каде што им се интересите, без оглед дали нам ни се допаѓа тоа или не, па дури и да се објават некакви документи.
Приказните за „дивјаштвото“ на оваа или онаа земја се кажуваат од почетокот на човештвото, тие постоеле и уште ќе ги има.
Кој сѐ не е за осуда? Кортез, кој ги истребил Маите, Британците кои го експлоатирале половина од светот, Србите кои ги убиваа Албанците, или Албанците кои ги убиваа Србите и им ги продаваа органите?

*** НО! ***
Со објавувањето на документите не се зафатени само САД, туку и многу други земји, вклучувајќи ја и нашата.
Секоја земја си има свои тајни, особено кога се работи за дипломатијата. Објавените документи прeтставуваат само одредени дискретни точки во некои подолги процеси, а никако слика на сите случувања.

Не може секоја држава лесно да се справи со оддавање на тајни, почнувајќи од нашата. Што ако се дознаат работи за процесот на преговарање на Охридскиот договор? Не велам дека не треба да се дознаат, но мора да има историска дистанца -- нашата демократија е премногу кревка за да издржи посилни удари. Не е многу убаво, но тоа е факт.

Ај, на страна ние. Објавени се тајни документи за Пакистан и Индија. Тоа се две земји кои постојано се на работ на војна, а -- уште полошо -- имаат и нуклеарно оружје со слаба контрола врз него. Колку документи требаат, па некој луд Индиец или Пакистанец да го стисне копчето? Кој е прагот? Џулијан Асанж да не го знае?

Според документите, Папата рекол вака или така за Турција. Тоа значително може да ја поремети стабилноста на Блиски Исток, каде што Турција е можеби клучниот фактор. Што ако се свртат кон исламизмот? Што ако Инџирлик не е веќе база на НАТО? Дали сте подготвени за уште една војна, која -- сосема сигурно -- ќе го зафати и Балканот?

*** Назад на САД ***
Викиликс ги објави броевите на социјалното осигурување на американските војници. Тоа ниту е транспарентност, ниту слобода на говорот. Тоа е малициозност.
Во некои од документите се објавени и имињата на Афганистанците - соработници на Здружените сили (во кои учествува и Македонија). Што мислите, дали се тие сеуште живи? А нивните семејства, жени, деца? За мене, само ова е доволно Асанж никогаш да не излезе од затвор.
Натаму, објавени се технички документи за уред кој го поседува САД и кој може да спречи експлозии на бомби. Бомбонче за терористите.
Будалата Асанж се заканува дека ќе ги објави тајните нацрти за составување на термонуклеарни бомби. Изберете кој ќе бенефицира: слободата на говорот, Ал каеда, Иран или некој трет лудак?

*** Кој е Асанж? ***
Да се запрашаме, кој навистина е Џулиан Асанж? Храбар борец за слободата на говорот? Робин Худ на понижените и искористените? Плејбој кој, во среде криза, има време за курварлаци (со или без кондом, сеедно)?

Кој ги финансира неговите ескапади?
Немојте да се лажете и да мислите дека PayPal е доволен (а и тоа сега го нема), и дека не се следи секој долар/евро/фунта од таквите сметки. Тоа е за мачкање очи пред јавноста.
Хостирањата по Швајцарии, Шведски, Холандии чинат пари. Неговото летање по светот чини пари. Големата организација зад него чини пари. Луѓето кои му помагаат и работат за него сакаат да живеат од нешто, без оглед колку го сакаат.
Тоа што Асанж може да „пропадне во земја“ во момент кога го бараат 20 најдобри светски тајни служби не е случајно.
Кој му ги обезбедува контактите на Асанж -- контакти во самата утроба на американските тајни служби и нивните компјутерски датабази? Му се јавуваат на телефон, дома, додека гледа фудбал на телевизија?

Некој го помага, го финансира и го подучува -- тоа е очигледниот одговор. The usual suspects - Иран, Кина, па и Русија, први паѓаат на ум. Сите тие имаат корист од хаосот кој тој го прави.
Викиликс е добро организирана и добро фундирана операција, која може да ја замисли и поддржува само искусна тајна служба. Асанж е само фронт-енд, кловн кој фаќа поени и жени.

Џулијан Асанж најмалку на срце ја има транспарентноста и не е искрен.

*** Што ќе се случи? ***
Како што предупредија и „Репортери без граници“, ова протекување само ќе предизвика уште помала транспарентност и подлабоко вкопување на владите.
Ќе се воведат уште построги мерки, подобри алгоритми за енкриптирање. Ќе се променат законите, ваквиот вид на објавување ќе стане еднаков на веле-предавство.
Штета ќе имаме сите ние, ќе имаат и вистинските новинари, оние кои на регуларен начин доаѓаат до своите информации.

Поддржувањето на налудничави луѓе кои без критериум прават работи -- тврдам -- исклучиво во своја корист, не води никаде.

(Се изморив, доста е за сега. Да не правам уште research, верувам дека го кажав она што, според мене, е суштината на целата папазјанија).

Ванчо, Прво, впечатокот што

Ванчо,

Прво, впечатокот што го добив читајќи го твојот одговор е дека ни' порачуваш 'Луѓе, you can't handle the truth'. Иако овој пат понуди аргументи, повторно не можам да се сложам со тебе, зашто импликацијата на тоа што го кажуваш е да престанеме да си играме демократија, транспарентност и слобода на говорот, зашто како човештво не сме спремни на тоа. А ако е така, тогаш ќе те прашам која е алтернативата? Кој ќе биде арбитерот на она што треба да се објави, на она што треба да се цензурира и на она што треба да се забрани? Очигледно, не е веќе ни законот којшто важи во САД сега.

Второ, продолжуваш со идентификувањето на WikiLeaks со Џулиан Асанж. Веќе реков дека постот на Новица нема никаква врска со тоа кој е тој и каков животен стил има. Тоа е небитно за целата приказна.

Трето, одговори ми како новинар, како ти би постапил кога би се соочил со информациите кои ги објави WikiLeaks? Би ги објавил или би ги игнорирал?

Во контекст на тоа, не знам дали си го гледал видеото во кое се прикажува како мои колеги од Ројтерс (повеќе твои колеги, зашто јас не сум новинар) беа брутално убиени од страна на Американската војска? Ако не си го гледал, еве го линкот: http://svtplay.se/v/2264028/wikirebels_the_documentary. Целото видео е документарец за WikiLeaks, па пошто гледам дека не го мирисаш многу Џулиан, за да го избегнеш, гледај го од 25тата минута натаму. Погледни го и сајтот http://www.collateralmurder.com, каде има видеа од убиства на цивили и новинари.

Пошто ја спомна Македонија, ме интересира ти како новинар, како би постапил кога на пример би дознал дека конфликтот во 2001 е резултат на договорена политичка игра во која загинаа невини луѓе? Да речеме, некој решава да го жртвува својот живот давајќи ти ги доказите за тоа. Што би направил новинарот Ванчо Орданоски? Би пресудил дека македонската јавност не смее да го дознае тоа, за не дај Боже не се повтори конфликтот, или би барал одговорност за тоа што се случило?

Дали ќе се ставиш над јавноста и нејзиното право да знае за да може да одлучува или ќе решиш да ги задржиш тие тајни заради 'мир у куќа'?

Да се осврнам на твојата оценка за импликациите дека објавите на WikiLeaks ќе предизвикаат нестабилност во Блискиот Исток, Турција и Балканот. Како прво, веќе постои нестабилност, многу крв, неправда и омраза. Кој е тој што вика дека статус кво-то во овој регион е добар? Второ, кој вели дека оние кои ги кријат информациите, во овој случај Американските политички елити, ни имаат добро на ум па подобро е да не знаеме што прават за да не бидат спречени во нивните "добри" намери отколку да знаеме сите кои се нивните игри. Еве, до сега, немаше објава, па не гледам дека сме нешто поблиску до прекин на војната во Палестина, дека Турција не се движи забрзано кон Исламизација, и дека имаше некој траен мир, стабилност и прогрес на Балканот.

Тука пак ќе речам - целиот аргумент ти се состои во тоа дека подобро е да е скриено, зашто ако ги р'чкаме тие што кријат, може ќе стане полошо. А јас во тоа не верувам. Ако тргнеш по тој аргумент, концептот на демократија и транспарентност е игра и мачкање на очи и тогаш се поставува прашањето која е потребата од нив.

Во врска со објавувањето на личните податоци на војниците и соработниците – се согласувам дека нема никаква врска со слободата на говорот и ги прекршува правата на тие луѓе. Единственото нешто кое можам да го понудам како објаснување за таквиот исход е дека целата операција е мошне рисканта и дека WikiLeaks немаше на кој да се ослони за да им помогне да ги пречистат документите од лични податоци. Но ете, сега, сите ново-објавени податоци од Cablegate се пречистени, откако ја добија поддршката од новинари на Гардијан, Њу Јорк Тајмс и други весници.

Што се однесува до потенцијалните жртви, самиот Пентагон даде оценка дека до сега нема доказ за ниедна жртва од објавувањата на WikiLeaks.
"After the release of an enormous haul of US defence department documents in August, Pentagon spokesman Geoff Morrell told the Washington Post: "We have yet to see any harm come to anyone in Afghanistan that we can directly tie to exposure in the Wikileaks documents."
http://www.bbc.co.uk/news/world-us-canada-11882092

Мислам дека ти е наивна претпоставката дека терористите учат од WikiLeaks. Тероризмот постои уште од периодот кога информациите беа монополизирани од стана на Америка. Можеби да не вршеше Америка злосторства по светот, неказнети убиства, криење и замаскирање на информации, ќе имаше помалку тероризам. Не знам, само една идеја...

Мислам дека имаш грешка со термонуклеарните направи. WikiLeaks рече дека има 'отровна капсула', енкриптирани информации, кои ќе ги објави ако нешто им се случи на нејзините членови. А веста за содржината на капсулата "ќе одекне како термонуклеарна направа". Еве го мојот линк, http://www.democraticunderground.com/discuss/duboard.php?az=view_all&add..., а ако ти знаеш поинаку, сподели го.

Имаш интересна теорија на заговор за тоа кој стои за Џулиан Асанж и WikiLeaks. Можда е точна, можда и не. Но тоа не е важно, зошто јас верувам дека секоја вистина е корисна за човештвото, и какви и последици и да има, е подобра од лагата или криењето, а ти очигледно не веруваш во тоа. Јас верувам дека секое нарушување на статус кво-то, долгорочно, ќе донесе повеќе правда и прогрес, а криењето ќе донесе повеќе ропство, смрт и неправда.

Но во контекст на теоријата на заговор, не си се запрашал дали можеби не е поверодостојно дека самите политички елити во Америка му ги дадоа податоците, за да најдат изговор за да ги заострат законите, и да ни ги еродираат уште повеќе нашите права и слободи како граѓани? Мислам, зашто претпоставуваш дека елитите во Вашингтон не сакаат тоа да го направат, и одиш дури во Кина, Русија кога податоците им се веќе под носот на оние, кои според тебе, ќе можат да ги употребат против јавноста.

На крај, ќе се сложам со тебе дека опасноста е огромна дека она што ќе се случи во светот може да биде многу гадно. Ќе биде, ако му дозволиме. Ако соочени со вистината, се судриме со лимитот на транспарентноста, на нашата слобода и решиме да лапнеме една плава пилула.

Ванчо, очигледно пропушташ

Ванчо, очигледно пропушташ еден дел од приказната. Интерпретацијата на потегот на Викиликс е една работа и можеме да си ја толкуваме кој како сака.

Кој е и дали постои Робин Худ? Тоа не е вистинското прашање. Многу поважно би било: Зошто шерифот од Нотингем е алчен и корумпиран тиранин и што можеме да направиме во врска со тоа.

Најголемиот проблем за мене во целата оваа ситуација е баналниот потег на Америчката влада: наместо да го осудат војникот што ги протекол документите, да си ги ревидираат сигурносните практики и да завршат со тоа, тие се нафатија да пукаат по поштарот, да поткупуваат и уценуваат угледни компании и да си нагазат врз демократкисте принципи со кои мафтаа наоколу со децении на назад.

Ако ги оставеа Амазон да си ја бркаат работата, ќе имаа далеку помала штета, ако не друго бар врз кредибилитетот и на владата и на компанијата. Башка, немаше да има потреба Викиликс да се копира на илјадници мирори низ цел свет.
Тоа што ужештено (по навика?) се улетаа со цензури во Кинески стил, ми кажува нешто и за нивните претходни пракси за справување со организации кои не им се допаѓаат (а за кои повеќето од нас немале можност да разберат).

Ванчо, - Дали светот може да

Ванчо,

- Дали светот може да издржи апсолутна траспарентност?

Да. Иако, лично, со крајна внимателност ќе ги сослушам валидните аргументи на секој што тврди обратно.
Овде се’ уште не гледам ништо такво.

- Викиликс е „добро фундирана операција, поддржувана од тајните служби“.

Слушни ги реакциите на луѓето кои знаат што зборуваат.
Синоќа на конференцијата за ВикиЛ во Њујорк, една жена од Кина изнесе слична теорија на твојата, и сите присутни што најревносно ги следат Викиликс од основањето од технолошки до политички влијанија, ја дослушаа без да ја прекинат, и без коментар ја продолжија дебатата, игнорирајќи ја.

Овој пристап, се согласувам, е најпаметниот. Сето друго е губење време и ресурси.

Тоа што пола Македонија за некоја недела ќе му се придружи на ова толкувањето не прави разлика. Ние ионака сме дупка во светот. Од скопската амбасада досега се протечени само два документи од 2006. Чекај да видиш што ќе се случува кога ќе почнат да излегуваат материјалите меѓу 2006-2010. Нема да има провладин весник, што нема да зборува за Викиликс со поегзекуторски јазик од Бил О Рајли.

- Кој му ги дава датабазите и контактите на Асанж?

Парадоксално, токму патриотскиот акт, донесен по 11 септември во САД. Кога помеѓу 600.000 до 3 милиони Американци (зависи од проценките) имаа разни степени на пристап до оваа база.
Во неа, сепак, ги нема првите три разузнавачки категории (претседеталската и уште две, а само второкласни материјали од 4-то колено надолу).
На 600.000 со пристап, еден Бредли Менинг ќе се појавел, макар за да потврди статистичка веројатност.
Бредли го фатија, не затоа што Викиликс не знаеше да го заштити својот сведок, туку затоа што самиот е дете кое, како и секое дете на овој свет, сака да се фали.
Тоа не е смешно, туку тажно.
Војните ги водат политичките свињи од кабинетите, кои испраќаат деца за да убиваат други деца.

- Кој го финансира?

Јас, меѓу другите стотици илјадници од цел свет. Со по донации од 10тина долари. Со по една неиспиена пијачка од Фуфо.
А за тоа каде по Пејпал и другите што откажаа љубов, брзо ќе знаеме.

Се друго е само стара новинарска школа. Да не речам: паника? Разбирам долгогодишно новинарско искуство, но веќе не ти врши работа. Интернет долго време го гази медиумскиот простор, време беше некој да го нагази како што треба.

Се согласувам, ќе помине кратко време, во планетарни димензии гледано, Викиликс да се фати за врат со законски одредби и да се корнира така што ќе предизвика застој.

Но, ќе се појават други деца вредни за поддржување.

Другото е безвредно за зборење. Откривањето државни тајни не убиваат луѓе. Државните тајни убиваат.

Поздрав

Луѓе, погрешен ви е

Луѓе, погрешен ви е впечатокот дека јас се залагам за ваков свет, јас само констатирам каков е.
На моја и ваша голема жалост -- не чини. Тешко дека ќе го исправиме, потребни се генерации и генерации. Погледнете ја историјата и ќе видите дека ништо не се случило преку ноќ.

Фактографски, не е ни битно дали е до буква така како што сум напишал, битен е концептот, кој гласи: Викиликс е симбол на добрите намери, лошо егзекутиран (ама само симбол).

Вие можете да замижите и да речете дека со вашите 5-10 долари ја финансирате светската револуција (што е посебна дискусија: дали револуциите се водат со кредитни картички, од фотелја), или сте можеле парите да ги дадете на локалниот дом за деца без родители (како што правам јас, на пример).
Но, тоа нема да се случи, Робин Худ не постои, извинете што на некои им го дупнав балонот.

Успат, на сите кои донирале за Викиликс преку PayPal или сличен сервис, американските тајни служби им пожелуваат добродојде. Ќе мислат на вас кога следниот пат ќе аплицирате за виза во САД или ВБ.

Приказните за тоа дека тајните каблограми на американските амбасади се достапни според некој закон, не важат -- досега ќе се појавеа милион други Ликсови.
Дека ситуацијата е матна, матна е. Можеби и самите САД ја замислиле операцијата, којзнае -- ќе покаже историјата, но дека не е сам, не е сам, без оглед на (и мојата) одвратност кон теориите на заговор. Вакви работи не се случуваат случајно.

Дека Викиликс го измени светот, не верувам. Дека Интернет го измени светот - дефинитивно.
И дека не сум закоравен стар мрчатор, појдете на мојот блог (клик на моето име во коментаров) и ќе видите дека го пишувам тоа што го мислам.

Vancho, Zhalno e deka seto

Vancho,

Zhalno e deka seto ona shto ona shto mozhesh da go ponudish e 'navednata glava sabja ne ja seche'. Posebno e tragichno shto toa doagja od nekoj shto se narekuva novinar.

Ima razlika megju toa da konstatirash deka svetot e takov kakov shto e, i da mu bidesh apologeta. I originalniot chlanak na Novica (preprochitaj go) ne beshe konstatacija deka svetot e dobar, ili deka WL kje go napravi podobar. Poentata mu beshe deka doznavme deka "големи, моќни компании се на телефонски повик до цензура". Poentata mu beshe deka ne smee da se cenzuriraat sajtovi koi ne se nelegalni i koi nosat transparentnost. Poentata mu beshe deka makedonskite novinari ne se potegnaa da razgovaraat za implikaciite od ovoj nastan - eden od najvazhnite vo momentot za slobodata na govorot, transparentnosta i idninata na nashiot digitalen svet.

Me razochara mnogu deka se stavash vo sluzhba na tajnite sluzhbi na tugja drzhava, i shirish strav megju lugjeto deka sega kje bidat odbieni za viza. Da. Najverojatno ako pochnaat i da razmisluvaat poinaku od densite partii vo Amerika, kje im dojde i amerikanski dron i kje gi bombardira doma dodeka spijat.

Ne mi odgovori na nishto vo mojot post, pa eve kje ti gi povtoram prashanjata kako tochki:

1. Dali ti kako novinar kje objavish podatoci ako nekoj ti dade dokazi deka konfliktot vo Makedonija mozhebi bil dogovorena rabota?
Ili kje se stavish nad makedonskata javnost i nejzinoto pravo da znae, vo interes da se zachuva status quo?

2. Za ubienite novinari na Reuters ne mi odgovori nishto. Da beshe vo pozicija da go imash videoto shto ti go prativ, dali nemashe da go objavish?

3. Izvini na izrazot, ama tropash gluposti - se pojavija mnogu drugi sajtovi koi gi objavija istite Kabli. Megju koi se i The Guardian, The New York Times, i eden red drugi vesnici. Kako mozhesh da tvrdish deka e nelegalno, koga do den denes nema nikakva tuzhba protiv WL ili Julian?!

Toa shto sekoj den se pojavuvaat novi liksovi od istite kabli, koi gi objavuva The Guardian i NYT, a ti ne znaesh, formiranjeto na konkurentski sajt na WL, OpenL, isto kako i ona za 'termo-nuklearnata' naprava shto si go napishal pogore, a jas ti go odgovoriv vo postot, mi kazhuva deka komentirash bez da imash poznavanja.

Go prochitav i celiot tvoj blog na ovaa tema, i se shto vidov, e deka si izoblichen od bes kon Julian, po kogo frlash so drvja i kamenja deka e siluvach. Prezumpcijata na nevinost shto ti ja spomna Jana ne ni najde za shodno da ja spomenesh. Prashanjeto zashto ja svede diskusijata za toa dali Julian e dobar ili ne - povtorno ne go odgovori. Ne mozham da si objasnam zashto, osven nekoja zavist kon Julian, koj najverojatno imal dosta povekje uspeh vo seksualniot zhivot od tebe i mene.

Za kraj - da, nema da go smenime svetot, i potrebni se mnogu generacii. Ochigledno - ne takvi kako tvojata.

(Мојот одоговор на

(Мојот одоговор на http://instantekspert.blogspot.com/2010/12/wikileaks.html)

Мојот впечаток е дека зборуваме за 2 различни работи (барем јас и ти Ванчо).

Во мојот текст не сум загрижен за последиците што можат да произлезат од објавувањето на овие документи во однос на глобалната политика, додека ти очигледно си - со војните и слично.

Не дека тоа не е важна дебата, ама па како да кажам... мене не ме интересира. Индија и Пакистан лани се срокаа на сред град па никој не пушти нуклеарка. Ако има толку морони да рокнат нуклеарка во светот, тогаш нека биде така. Викиликс или не, исто ни се фаќа.

(Патем, не сакам (уште една) војна на Балканот, ама малку е хмммм.... како да речам потсмешливо да го туркаш ова особено пред помладите генерации - како мојата - кои целиот свој возрасен живот го поминале низ војните на Балканов.)

Значи мене пред се ме интерисра дебатата онака како што ја врамува EFF. Можеби ќе речеш дека сум наивен или што и да е, ама тоа е.

На страна од оваа главна разлика, така да речам, користиш и некои други објаснувања кои што некако не држат вода. Загрижен си за имињата на лицата од здружените сили, но не си загрижен за илјадниците цивили што умреле до сега од „пријателски оган“ или не знам што?

И второ, постојано сакаш да го извалкаш името на Асанж. Не знам, можеби навистина не ти се допаѓа човекот, или пак можеби знаеш нешто што ние не знаеме (како оние коментари дека наседнал на цијашки курви) - и не знам - можеби на крај ќе излезе дека и треба да му се валка името, ама забележи - главните зборови се „не знам“.

Јас од друга страна знам само она што е јавно и проверено од неколку извори. А тоа е дека: 1. дури и во Шведска престојувал во приватен дом (т.е. не му требале пари за хотели), 2. До Лондон од Белград се лета за 25 евра, 3. хостингот навистина, ама навистина, не е скап, 4. англиската полиција цело време знаела каде тој се наоѓа (не е дека го бараа и под дрво и под камен во Лондон)...

Конечно, за тоа колку е тешко да се спроведе операцијата како таква, т.е. дали е можно сето тоа луѓето да го прават од љубов (иако пак велиш дека тие работат за него, а не за идејата зад Викиликс - но нејсе), само да те потсетам дека настрана од оваа дебата, барем како што имам впечаток и јас и ти доаѓаме до ист камп - оној на слободниот софтвер.

А таа иницијатива/проект започнала во времекога технологијата не била толку многу распространета, кога еден харддиск чинел навистина многу, и кога интернет имало само на универзитетите во САД и тоа само од еден човек кој рекол - еј јас ќе напишам слободен оперативен систем.

Би сакал да ја продолжиме дебатата евентуално во тие две рамки (од почетокот): 1. слободата на говор на интернет, неутралнсота на мрежата, цензура и 2. последиците што депешите може да ги имаат во реалниот свет - иако јас не знам што би можел да придонесам во тој дел бидејќи не ја следам меѓународна политика доволно. Евентуално можеме да зборуваме и за тоа што можеме ние да направиме околу сето ова. Сѐ друго е премногу таблоидски за мене.

Ванче не се секирај за војна

Ванче не се секирај за војна пошто си комуњарче ќе броиш непријателски ( за кој си за германците или партизаните ) возила, а може и да ти дадеме едно волшебно самарче и се кога ќе се заврши ќе добиеш борачка пензија ( 3-та група ), стан по заслуга и борците ќе те ставиме да ги праќаш на голи оток! Мое е да ти кажам не туку трескај политички глупости бидејќи си го рушиш добриот технолошки углед!

Ванчо здраво, Се’ што имав да

Ванчо здраво,

Се’ што имав да кажам, кажав.
Не се јавувам за да спориме.
Мир за сите нас.

Се јавувам за твојата реченица:
„Сите што донираат на ВикиЛ - нема да добија виза за Америка“.
Заради децата што потенцијално ова го читаат, да знаат каде да ја сместат реченицава.

Во нет светот ова се вика FUD: http://en.wikipedia.org/wiki/Fear,_uncertainty_and_doubt

Донирав, и ќе донирам. Америка не е само Пентагон.
Храброста, парадоксално, кошта помалку одошто стравот.

Поздрав и мир за сите

Zdravo na site, zdravo

Zdravo na site, zdravo Vancho, kako shto uspeav da prochitam, debatata e: site protiv Vancho, pa da se pridruzam i jas :)) Ne sakam da navleguvam podlaboko, samo edno prashanje do Vancho - "za da go smenime svetot potrebni se mnogu generacii", no sepak od nekade treba da se pochne, neli? Pochetokot e mozebi najtezok i WikiLeaks mozebi nema da go smeni svetot naednas, no neli e dosta vekje beganje od vistinata i prefrlanje na neprijatnite i odlozlivi obvrski na idnite generacii...
Pozdrav