Submitted by Новица on
Tags:
Ми се чини дека никој повеќе не се буни за 0,50 дени повеќе или помалку. Не знам дали сѐ уште има добра причина зошто ги имаме овие, но сигурно знам дека има добра причина зошто секогаш трговците заокружуваат на горната вредност.
И додека за ваквата злоупотреба може да се најде практичен изговор кога станува збор за плаќање во готово, не гледам како воопшто може да се направи истото за безготовинско плаќање.
„Макпетрол“ си земаат најголема слобода во оваа работа, барем според моето искуство. Сега имам и доказ дека тоа е така, но не знам дали ќе има некое фајде од тоа. Веќе им пишав на „Макпетрол“ преку нивната страница за контакт:
Откако дома ги проверив фискалната и сметката од банката видов дека при наплатата на Вашата бензинска пумпа, вработените ми наплатиле 0,50 денари повеќе.
Не ми е јасно зошто, кога инсистирате на прецизни фискални сметки, истовремено не ги наплатувате така прецизно, особено кога безготовинското плаќање го овозможува тоа.
Имајќи доверба, не ги видов сметките кога службеничката ми ги даде, па веднаш да ја исправам ситуацијата. Очигледно мојата доверба во Вашата компанија била не треба да биде на така високо ниво.
Сега планирам да пишам и до Организацијата на потрошувачите на Македонија, а можеби и до Државниот пазарен инспекторат.
Ќе видиме дали и што ќе одговорат.
Дополнување 1 - одговор од ОПМ:
Pocituvan g-din Nakov
Vnimatelno go procitav vasiot problem i mislam deka ste vo pravo. 50 deni se platezno sredstvo vo Makedonija i kako apoeni postojat i mozat da se trebuvaat. Za zal trgovcite ne go pravat toa a cenite gi formiraat bez da bidat zaokruzeni na denari , pa uslugata ili proizvodot vi go naplatuvaat sekogas poskapo za 50 deni bidejki nemoza da vi vratat.
Za nastanatiot problem treba da se obratite do Drzavniot pazaren inspektorat na tel 3220 547 koj go ima nadzorot nad Zakonot za zastita na potrosuvaci.
3 Comments
I da pises. Ja imam zet
Submitted by goran (not verified) on
I da pises. Ja imam zet doktor. I jas idam u apteka da kupam apcinja, i taa aptekarkata mi vika deka gi nema na recepta, tuku gi ima samo na privatno. Izlaguvam od aptekata i na 5 metra go gledam zetov slucajno. Mu kazuvam vaka i vaka rabotaa, i on gi zema receptite i 2 min. posle mene vleguva vo ista apteka i izleguva so apcinjata zemani na recepta i za edno 400% poeftini.
Абе глупости во боја, само да
Submitted by Миладиноски (not verified) on
Абе глупости во боја, само да го крадат народот, земи убава пресметка на пример со сметките за струја.
Ете 300.000 домаќинства да добијат сметки што завршуваат на .50, тоа се 150.000 денари месечно, по 12 месеци годишно тоа се неверојатно 1.800.000 денари годишно!
Каде ли одат сите тие пари.... :\
neuro medika centar skopje
Submitted by Анонимен корисник (not verified) on
neuro medika centar skopje mi naplati 9000den za lekarsko uverenie koe trbase da mi bide isporacano za eden den i da cini 6000 den,ama do denesen den go nematt isporacano i ne sakaat da objasnat kako ja dobile cenata od 9000den.