Каде греши Он.нет

Tags: 

Веќе пишував како (вработените од) Он.нет ме измамија во продолжување на договорот за ADSL (и ајде, оставам малку простор да станувало збор за незнаење, а не смислена тактика).

Сега ја имам приказната за миграцијата. Некаде на почетокот на ноември ми се јави вработен од Он.нет да ме извести дека „постои техничка можност“ за мигрирање на бројот од Телеком. Договорот татко ми го потпиша на 6-ти ноември. Сепак до денес не добив повратна информација од Он.нет, иако секој пат кога одам во салон (поздрав Радмила, Марко, Симон) ми велат дека некој ќе ми се јави да ми каже до каде е работата и се чудат како тоа уште не сум мигриран.

Сега не сакам да пишувам за тоа како со ова доцнење го пробиваат законскиот рок пропишан од АЕК, нивниот арбитрарен и усно соопштен рок од 25 работни дена и оној од договорот за обезбедување услуга од 30 работни дена.

Сакам да напишам за нивната маркетинг (хм, ваљда е тоа маркетинг) стратегија.

Со тоа што ме канат да потпишам договор за услуга што не се спремни да ја испорачаат од било кои причини во било кој разумен (или договорен) рок, тие се тројни губитници:

1. Губат две месечни претплати (до овој момент). Ако ја добијам услугата на 1-ви јануари, ќе ја користам само до ноември. Иако имам договор на 12 месеци, кај нив ќе плаќам само 10 месеци.

2. Губат други потенцијални корисници. Секој пат кога некој ќе ме праша „Како Он.нет?“, јас ќе критикувам дека еве чекам, никој не се јавува, поминаа два месеци и слично. Луѓето ќе се замислат, и којзнае, некој можеби ќе се откаже од миграција или други услуги.

3. Го губат мојот иден статус на корисник. Ќе сакам ли да продолжам да им плаќам за услуги по 6.11.2009 година, по сето чекање, маткање по салони, неисполнување на договореното?

Што можеше да направи Он.нет во услови кога тие и Телеком имаат горе-долу иста 2 во 1 понуда?

Па, можеше да биде искрен. Можеше да рече дека баш и не можат да направат миграција. Потоа, можеше да се обиде да ме задржи како корисник на некој друг начин (на пример поефтин или повеќе интернет). И, ако успееше во тоа, тогаш кога навистина ќе можеше да направи миграција, ќе ме известеше и завршеше работа за два дена.

Има и уште една работа. Он.нет во својот однос кон корисниците и административните процедури сѐ повеќе заличува на Телеком. Се сеќавам на еден осврт за тоа каде згрешил HP (можеби беше од Сет Годин, не знам). Вели, HP згреши со тоа што сакаше да се натпреварува со Dell во продажбата на ефтини компјутери. Вели, не можеш да го победиш Dell со тоа што и ти ќе станеш како него.

Ете. Он.нет не може да го победи Телеком ако стане ист како Телеком. Он.нет беше познат по тоа што им излегуваше во пресрет на корисниците кога Телеком не можеше или не сакаше да го стори тоа (уште од времето на првиот ефтин dial-up). Се чини дека сега тоа за компанијата е минато. Сега се само уште еден телеком.

Но, зошто тогаш да ги одберам нив, кога тука е стариот добар Телеком?

5 Comments

Споредба

Јас и Новица на ист ден аплициравме за 2во1 понудата - тој во ОнНет јас во МК Телеком. Јас заборавив како е да мислиш колку ќе платиш на први, имам квалитетен и брз интернет и 24/7 услуга и поддршка. Новица не. За корисникот таму завршува работата. Побарав услуга, ми ја ветија. Ми ја исполнија. = Среќен корисник. Многу ми е гајле веќе кој бил монопол, кој бил позиција, опозиција.

Basla Lelekom imaat tehnicka

Basla Lelekom imaat tehnicka poddrska na nivo. Koga i da se javis ima operator so ke ti se javi, ako imas problem doma vo rok na istiot den koa ke prijavis problem doagja tehnicar da proveri i sl. E sea ke platis ama toa e toa. Se sto e dobro se plakja.