Submitted by Новица on
Tags:
Денеска јас, Дамјан, Игор С. и брат ми, кој додуше си дремеше на каучот, се занимававме со веб страница која би била дом на проектот за локализација на Мозила на македонски. Разгледавме повеќе опции: од статичен HTML, преку aether-базирано-нешто, до Drupal со SFX тема малку прилагодена на нашите потреби.
Накратко, крајниот резултат сеуште е далеку од некоја верзија што би била добра за очите на јавноста. Но и не го пишувам ова само заради правењето на веб страницата.
Да речеме, ќе ја направиме страницата. Ќе скинеме некој дизајн, ќе ставиме некоја основна содржина... Прашањето кое следи е кој ќе ја одржува страницата? Станува се поочигледно дека локализацијата на Мозила&Co го надмина слободното време на еден човек (мене), а најверојатно ќе го надмине и слободното време на двајца (+ Дамјан). И како што проектот ќе расте, а сигурно ќе расте, прашањата за приоритети и уште раце во локализацијата ќе се стануваат се почести.
Веќе некое време размислувам дали да продолжам со одржувањето на преводот на Mozilla suite-от. Зошто? Едноставно не ни знам дали некој воопшто го користи, а за понатаму и да не зборуваме.
Кога Фајрфокс ќе стигне во верзија 1.1, т.е. пред да стигне, сигурно ќе има полно работа да се направи преводот подобар: евентуално да се додаде и превод на DOM Inspector-от, а можеби и на помошта. Паралелно со ФФ 1.1 ќе излезе и Тандрбрд 1.1 (да речеме во разлика од неколку дена). Луѓето од Мозила веќе планираат локализацијата на ТБ да биде иста со онаа на ФФ, што ќе значи барем 30% повеќе работа само околу ТБ 1.1.
Уште од сега мислам целото внимание да го посветам на ФФ 1.1. ТБ 1.1 со т.н. source локализација да касни во однос на другите официјални билдови. А suite-от?
Па прашањето е дали нашиот Мозила L10n тим ќе порасне или не? Навистина би било добро да знаеме дека имаме човек кој се грижи за нашите веб страни и за оние кои од Мозила ги бараат, човек кој ќе се грижи за Installer датотеките, човек кој ќе се грижи за suite-от... Да не споменувам дека уште раце ќе бидат потребни кога Nvu ќе стигне до 1.0 (сега е 0.9), а исто и за Sunbird.
Што ќе биде?