Каде исчезна магијата?

Tags: 

Денес е 1 септември и конечно најдов време да напишам збор два на страницава. Не дека нешто ново се случило... Последното нешто на странава вели дека сеуште го нема македонскиот WindowsXP -- епа сеуште го нема.

Но, нема и многу нови работи од светот на слободниот софтвер во Македонија. Деновиве навршија 2 години од иницијалниот собир во градскиот парк на кој беше одлучено да се започне организирано делување на полето на слободниот софтвер во Македонија -- или со други зборови беа удрени темелите на НВО Слободен софтвер Македонија.

Оттогаш направивме многу работи. Но како што изминуваат деновите ми се чини дека постојано го губиме еланот. Како да одиме надолу, наместо нагоре. Последниот настан кој беше организиран од ОССМ -- денот на слободниот софтвер, не беше ништо посебно. Идејата за настанот беше супер, растеше и растеше, и одеднаш пукна како балон и се што остана беше мал собир во паркот.

Другите проекти постојано би требало да се on-going исто така се во застој. Со вакво расположение поверојатно е дека прво ќе излезе OpenOffice 2.0 отколку македонскиот превод на 1.1.

Мириса на апатија, и сите треба да се обвиниме за тоа. Ќе ја пронајде ли ОССМ повторно својата острица? Ќе има ли нови идеи и свежа крв или и ОССМ ќе заврши како избушена гума на буниште?

Каде исчезна магијата што не движеше пред 15-тина месеци?