Правните прашања зад дебатата за андроид апликацијата за Златна книга

Tags: 

Воведна информација за тие што не се во тек: Одговор на закана за кривична пријава.

Долгата приказна на кратко: Еден програмер прави апликација за андроид што пребарува информации на мрежното место на Златна книга. За кратко време, впрочем околу 48 часа, обвинет е за многу работи, меѓу другото и за нанесување на штета, или да цитирам: „може да се смета како напад што може да има сериозни разврски.“

Освен ако под „сериозни разврски“ колегите од ИТЕА не мислат на „тепање“, тогаш сериозни разврски на некаков правен основ во врска со апликацијава, барем според моето скромно правничко знаење, не се можни.

Имено, софтверот не прави ништо нелеглано, не ја попречува работата на Златна книга, не заработува на нејзина сметка и не прави ништо би ги довело во прашање веродостојноста на информациите што ги има таму.

Тој едноставно нуди поедноставен интерфејс за комуникација со сервисот, имено и логично, поради тоа што „паметните телефони“ функционираат малку поинаку од компјутерите, па повеќе работи треба да се прават со помалку стискања.

Единствено можеби до некаде отворено прашање е тоа што софтверот го користи името „Златна книга“ за што се отвори дискусија дали тоа е заштитена трговска марка (иако тоа сѐ уште никој не успеа да го потврди).

Но дури и да е така, тогаш еве го Член 150, став 2 од Законот за индустриска сопственост:
Трговската марка не му дава право на носителот да им забрани на трети лица употреба во прометот на знак кој е идентичен или сличен со трговската марка, ако е тоа потребно заради одбележување на намената на производите, особено на нивните резервни делови или видот на услугите кои се даваат под услов знакот да се користи согласно со добрите деловни обичаи и да не доведува до нелојална конкуренција.

Значи употребата на трговска марка е дозволена ако:

1. тоа не доведува до нелојална конкуренција - а апликацијата како таква не го прави тоа. Имено, таа токму го помага сервисот Златна книга, носејќи сообраќај таму и доближувајќи го до корисници што имаат паметни телефони. Нелојална конкуренција би било ако апликацијата ги користеше информациите од Златна книга и притоа се претставуваше како друг сервис што работи самостојно и на пример се вика Сребрена тетратка, и

2. знакот да се користи согласно со добрите деловни обичаи - што е и така. Иако недостасува кратка и јасна дефиниција за добрите деловни обичаи, Уставниот суд на РМ во одговор на иницијатива за бришење на делот „добри деловни обичаи“ од Законот за облигациони односи вели: Добрите обичаи се преќутно настанати и фактички преставуваат постоечки конвенционални норми што можат да се утврдат. На теренот на граѓанското право добите обичаи се изедначени со постоечкиот морал.[sic]

Не гледам ни најмалку место да се каже дека софтверчето на Александар Балаловски е спротивно на постоечкиот морал (барем оној што е во книгите, а не оној што моментално владее на улица). Софтверот е слободен што е врвното морално начело на програмерите. Бесплатен е - што значи не ни се обидува да им земе од профитната пита на Златна книга. И конечно, напишан е со цел истражување и учење на платформата, истовремено со желба за создавање на сервис што ќе им биде од корист на граѓаните на Р. Македонија.

Тоа. Поздрав gemidjy.

5 Comments

A ova? "2) е идентичен или

A ova?

"2) е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги доколку таквата сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можност од асоцијација меѓу знакот и трговската марка и"

eve go celiot : clen 206 stav 2 od ovdeka, ocigledno clenovite se izmesani, mozebi nekoja e postara verzija - http://www.ippo.gov.mk/dzzis/dzzis1.nsf

(3) Носителот на трговската марка има право да забрани користење во прометот од страна на трети лица без негова согласност знак кој:
1) е идентичен со трговската марка за идентични производи или услуги;

2) е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги доколку таквата сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можност од асоцијација меѓу знакот и трговската марка и
3) е идентичен или сличен со трговската марка за различни производи или услуги, доколку трговската марка има репутација во Република Македонија и доколку употребата на тој знак без оправдана причина претставува нелојална конкуренција или му штети на дистинктивниот карактер или репутацијата на трговската марка.
(4) Забраната од ставот (3) на овој член опфаќа и:

1) ставање на знакот на производите или на нивните пакувања;
2) давање услуги или пуштање во промет производи одбележани со тој знак или складирање на производи со таква намера;
3) увоз или извоз на производи под тој знак и
4) користење на знакот при кореспонденцијата, огласувањето и рекламирањето.

Не членовите се добри. Јас ја

Не членовите се добри. Јас ја имам постарата верзија. Цитираниот член кај мене по најново е 207.

Значи гледаш дека членот 206 се однесува на Исклучиви права, а 207 на Ограничување на правото. Целта на законодавецот, да се изразиме по правило, очигледно е да каже кои права ги има лицето што регистрирало ТМ, но и кои ограничувања ги има. Според мене, 206 се однесува на ситуација кога целиш на создавање забуна.

Значи став (3): 1. забрана за знак идентичен со трговската марка за идентични производи или услуги; - што значи ако направам труг ваков информатор како ЗК имам забрана да ја користам ТМ. 2. забрана ако е идентичен или сличен со трговската марка за идентични или слични производи или услуги доколку таквата сличност може да создаде забуна кај просечниот потрошувач, вклучително и можност од асоцијација меѓу знакот и трговската марка - значи ако направам нешто што може да создаде забуна од типот на Златна книга/Златна книшка - ако второто е мојот производ. и 3. е идентичен или сличен со трговската марка за различни производи или услуги, доколку трговската марка има репутација во Република Македонија и доколку употребата на тој знак без оправдана причина претставува нелојална конкуренција или му штети на дистинктивниот карактер или репутацијата на трговската марка. - мислам дека ова со нелојалноста го одговоривме веќе.

Со оглед на фактот што апликацијата не е нов производ во смила на производ каков што е Златна книга, туку е само интерфејс за комуницирање со производот - т.е. просто речено е web browser што пристапува само на една url адреса, не може да стане збор за ниту еден од горните примери. Апликацијата не создава забуна, не е конкуренција на сервисот, не е друга таква златна/сребрена/жолта книга што се „вози“ на златна книга.

Затоа постои следниот член став (2) што јас одбрав да го наведам прво, а токму за „видот на услугите кои се даваат под услов законот да се користи во согласност со добрите деловни обичаи и да не доведува до нелојална конкуренција.“

Не знам дали може да се даде подобро објаснување на ова. Но мене барем ми се чини прилично едноставно.

"забуна кај просечниот

"забуна кај просечниот потрошувач" - може да значи неофицијална и официјална верзија. Зборев со ИТЕА и со Златна книга, најголемиот проблем е интерпретацијата токму на ова. Убеден сум дека ако била стартувана апликацијата со друго име ќе немало проблем, односно ќе се осврне проблемот на како таа работи.

Според горниве, Gemidjy не може да гарантира дека ќе ја апдејтува апликацијата на време при најмали промени. Ако не работи, тогаш тие го јадат како брендирани и напишани на апликацијата.

Можеби е и страв од нивна страна дека некој им прави конкуренција, ама во овој случај е наједноставното решение. Не се работи за „како работи апликацијата и колку помага или не“ туку едноставно во користење трејдмарк без дозвола. За тоа е целава галама, која Gemidjy успешно ја направи само со насловот користејќи секси зборови како „закани“ :)))

"Не знам дали може да се даде подобро објаснување на ова. Но мене барем ми се чини прилично едноставно." - да, нема потреба од интерпретација на цел закон. И мене ми е прилично едноставно. Мислењата се разликуваат само според аголот на проблемот. :)

Taka care now.

p.s. sto te snema na twitter?

Глеј Виктор, не знам дали

Глеј Виктор, не знам дали приметуваш дека сите овие коментари се произволни.

И коментарите од ИТЕА се произволни (ако занемариме дека заканите се проблематични од други причини).

За некој да прати cease and desist notice (нели) до некој друг, тој мора да се повика на точни закони и одредби со точни информации.

Тажно е што произволноста се шири низ IT заедницата која хм... како да речам, сака да се дичи со тоа што е прецизна, информирана итн.

Во таа смисла, „забуна кај просечниот потрошувач“ треба да биде објаснето и да се покаже некаква логична аргументација дека апликацијата е идентичен или сличен производ со производот за кој постои регистрирана марка. Тоа не е случај, како што рековме многу пати и не може да се докаже (но, можеби може да се покаже преку сила - што и се случува).

Така што long story short, апликацијата на Гемиџи била поминала сама по себе не е толку важна, колку што се важни реакциите на неа го прикажуваат општото ниво на игнорантост на една заедница која сака да се прикаже во сосема спротивно светло. Многу од суштината се изгуби во безброј коментари, блогови, текстови и слично што уште повеќе го потврдува ова.

И на крај не. Повторно, никаков закон не е прекршен во врска со оваа апликација и инсистирање на тоа е погрешно и можеби е злонамерно.

А твитер - доста е.