Submitted by Новица on
Tags:
Само што бевме (преку Слободен софтвер Македонија) вклучени во давање мислење за Предлог - Националната стратегија за унапредување на остварувањето на авторското право и сродните права: врска (.doc).
Мислењето на Слободен софтвер Македонија наскоро ќе биде на Интернет. Проверете тука, ако ве интересира. Патем, претпоставувам дека малку од она што го кажуваме ќе се прифати.
Така утрово нешто сурфав за слични стратегии низ другите земји и Гугл ме однесе до Шведската пиратска партија. Всушност, не е само таа. Такви партии има во повеќе земји во ЕУ и надвор од неа: врска.
Па си помислив можеби е време за таква партија и во Македонија. Сигурно потребна е политичка опција која ќе ги застапува интересите на сите граѓани кои со еден клик на глушецот можат да станат криминалци. Сега за сега (за почеток) кренав една вики страница (тука) кај што ќе се обидам да соберам ресурси за тоа како се формира партија во нашата држава. Ако знаете, не бидете скржави, напишете на страницата. Исто така ќе пробам да ги разгледам статутите на партиите од странство за да направам драфт за нашата.
За други идеи, викито стои на располагање.
1 Comment
случајно налетав на твојава
Submitted by Игор (not verified) on
случајно налетав на твојава страна... со веќе постоечка идеја за започнување на пиратско движење во Македонија.
Само да напоменам дека насекаде во светот, најпрвин се започнува како нерегистрирано движење кое опстојува неофицијално на интернет, за потоа ако земе поголем замав да прејде во официјално регистрирана политичка партија...
поздрав и ако треба било каква помош, спремен сум за тоа.