July 2004

Каде е македонскиот Windows XP?

Tags: 

Точка 2 од активностите кои Microsoft се обврзува да ги превземе со потпишаниот договор вели:

2. Ќе започне со развој на верзии на Windows XP и Office XP локализирани на македонски јазик, веднаш по потпишувањето на овој договор. Windows XP ќе биде локализиран до 01.07.2004, а Office XP до крајот на календарската 2004 година. Microsoft ќе обезбеди Macedonian Language Interface Packs за сите нови верзии на наведените производи во текот на времетрањето на овој Договор.

Епа, денеска е 12 јули. Точно 12 дена после 01.07 кога требаше да се појави локализираниот Windows XP, а него го нема. Нема воопшто никакви новости за тоа до каде е преводот. А медиумите и Владата се преокупирани со децентрализацијата.

Каде е македонскиот Windows XP?

Nvu и другите од семејството Mozilla

Tags: 

Пред некоја недела на страницава ги закачив најновите XPI-ја за Mozilla, Firefox и Thunderbird. Денеска го закачувам и XPI-то за Nvu - web уредувачот базиран на Composer-от на Mozilla, кој сеуште е во рана фаза на развој.

И покрај тоа неговото преведување беше лесно бидејќи успеав да ги искористам веќе готовите преводи од Mozilla и ете сега имаме jar-ови со превод. Јас и не можам да го пробам преводот, бидејќи tar.gz-то со Nvu нешто ми е заебано, а сега не можам пак да го симнувам од Интернет. Па кој може нека проба дали работи преводот.

Сите XPI-ја во делот Макзила.