Преку програмата на партиите до јавната администрација

Tags: 

Во денешен Утрински опозицијата ја повикала владата да ги вработи најдобрите студенти во јавната администрација:

„На страница 97 од програмата ’Решенија за Македонија‘, во делот ’Перспективи за младите‘, предвидовме континуирано вработување на најдобрите студенти во јавната администрација, како битна претпоставка за подобрување на нејзините капацитети.

Google на прашањето „најдобрите студенти во јавната администрација“ вели дека владата веќе потпишала 2 меморандуми токму за таа цел со УЈИЕ и ДУТ.

Убаво што партиите и владите мислат на вработувањето на младите, но од кога најдобрите се задоволуваат со работа во јавна администрација?

Или, за Македонија можеби подобро, до кога најдобрите ќе се задоволуваат со работа во јавна администрација?

1 Comment

Многу точно. Јавната

Многу точно. Јавната администрација во една нормална држава е талогот на понудата на работна сила. Кај нас е исто талог, но тој талог го има и во приватниот сектор, најмногу благодарение на тоа што довчерашното пазарење френки и чушки ги заменивме (во премногу краток рок) со нешто што треба да потсетува на „деловна култура“. Па така, на вистински способните и талентирани млади луѓе и таму им е тешко да најдат мотивирачка средина во која ќе го заблескаат својот талент.