Мозила 1.7.5 на македонски јазик

Tags: 

Ете. XPI за последната стабилна верзија на пакетот Мозила со чија помош ќе добиете Мозила на македонски јазик. Кратко упатсво: инсталирате, Edit -> Preferences, таму избирате македонски и на крај ја рестартирате Мозилата.

Уствари веќе некое време се премислувам за тоа што да правам со преводот на Мозила, т.е. дали да продолжам да го одржувам, или да го баталам и да ги одржувам само Фајрфокс и Тандрбрд. Овој го направив за да ги мигрирам преводите од Mozilla Translator во Kbabel (т.е. PO формат).

Миграцијата ми беше потребна за да можам да го направам преводот на Тандрбрд 1.0. Сега (најверојатно) нема да морам многу да преведувам, туку само ќе ги искористам преводите од Фајрфокс и Мозила. Така, ако се оди по планот за некои 15-тина дена би имале и Тандрбирд на македонски.

Се разбира и некоја веб страничка за целава работа добро би дошла. Тоа можеби за 30-тина дена. :)

Грешките на вообичаеното место, во соодветната категорија.