Европа го сака Firefox

Tags: 

Според последното истражување на XiTi Monitor, Firefox најмногу се користи во Европа и Австралија, а од европјаните водат словенците.

Целата вест на француски и Реџистер со својот коментар: Firefox продолжува да се искачува во Европа.

Се разбира за Македонија нема информации, па јас ѕирнав статистика на Багра и таму процентот на корисници на Firefox во ноември 2006 е 28,9%.

Веројатно добро би било да се видат статистиките од повеќето главни места (он.нет, блогови, идивиди и сл.) за да имаме малку подобра претстава, а јас би сакал да видам статистики и за тоа колку од корисниците користат локализиран Firefox.