Submitted by Новица on
Tags:
tl;dr Јавен притисок врз големите компании во Македонија за донирање на половина денар од сметките што ги плаќаме во фонд наменет за оние лица за кои медиум ќе обезбеди јавно достапни информации дека се наоѓаат во состојба на економска обесправеност. Текстов е rough on the edges, ама release early, release often.
На овој блог порано имало пишувања за 0,50 денари од сметките што ги плаќаме и што исчезнуваат некаде. Од лично искуство најголеми сркачи на овој ситнеш се 1. претпријатијата за комунални услуги (вода, струја, комунална хигиена, топлинска енергија, телефон, интернет), 2. бензинските пумпи (Макпетрол пред сите), 3. аптеките, 4. големите маркети (како Тинекс, СП и сл.) со помош на 5. банките и 6. поштата како посредници. Станува збор значи за оние 0,50 денари што не ги добиваме како кусур кога со готовина плаќаме во супермаркет, на бензиска или во банка и пошта. Понекогаш тие 0,50 денари се губат и во безготовинските трансакции. Моментот што го барате од Вашето искуство е кога на екранот гледате некоја сума 429,5 денари, а продавачот Ви вели 430 денари.
Вкупниот број на денари што се собира на овој начин е непознат. Но, заради целите на овој блог, да претпоставиме дека станува збор за 100.000 (сто илјади) вакви трансакции дневно во Македонија, кои пак се сведуваат на 50.000,00 (педесет илјади) денари кои ете - одат некаде. За повеќе, направете ја пресметката сами.
Можеби е добро да прибележам овде дека мотив зошто го пишувам ова е приказната за Марина од Долгаец. Но, нашето секојдневие и така е полно со многу вакви примери. По сѐ изгледа оваа приказна за мене беше една приказна премногу.
Моделот што го предлагам подолу е модел кој на други места се користи за стимулирање на личното штедење. На пример, Bank of America на своите клиенти им дава можност ситните пари до 1 долар од секое плаќање автоматски да им се префрлуваат на штедна сметка. Значи, и тој не е нешто ново во белиот свет.
И трето, до сега на македонскиот интернет се покажа дека има капацитет за разни организирања од различен вид (qr кодови, елки, дрва за огрев, протести, велосипедски работи). Но, ми се чини дека немало волку голем залак, во потребите за организираност, истрајност и можните позитивни ефекти. Со други зборови потенцијалот е тука. Ако го читате ова, тогаш знаете дека мислам на вас. Да видиме дали можеме да направиме нешто за што инаку ставаме лајкови и ретвитови кога го читаме на reddit.
Идејата за акција е: јавен притисок врз големите компании во Македонија за донирање на половина денар од сметките што ги плаќаме во фонд наменет за оние лица за кои медиум ќе обезбеди јавно достапни информации дека се наоѓаат во состојба на економска обесправеност.
Па како да го направиме?
1. Постојано пишување до компаниите со апелирање на нивните активности за општествена одговорност. Тука се вбројуваат следниве правни лица: ЈП Водовод и канализација, ЈП Комунална хигиена, АД Топлификација и фирмите ќерки, ЕВН Македонија, Т-Хоум, Т-Мобајл, Оне, Вип, Макпетрол, Зегин, Тинекс, Веро, СП.
Содржината на овие дописи треба да изгледа отприлика вака:
До...
Почитувани,
На сметките за испорачани стоки/услуги што ги издава Вашата компанија често има остаток од половина денар (0,50 денари) кој не го добивам како кусур. Мислам дека ова не е исправна пракса, но истовремено ја разбирам тешкотијата за враќање на оваа сума на пари.
Затоа молам секој половина денар што ќе го добиете од моето плаќање кон Вас го донирате на сметката на фондот „Половина денар за подобро општество“ чии сметки се водат во следниве банки: .....
Фондот има единствена цел да им помага на лица кои се наоѓаат во состојба на економска обесправеност.
Апелирам на Вашата човечност и постојаната пракса на Вашата компанија за општествена орговорност.... во духот на тие и тие ваши претходни активности.
Напоменувам дека за секој денар пренесен на сметките во банките, тие даваат свој придонес од еден денар (или xx%).
Однапред благораден/а
2. Вклучување на банките и пошта во акцијата така што сумите што се плаќаат на нивните шалтери ќе го имаат истиот третман како погоре. Но истовремено, барање за водење на сметките за овој фонд без провизија, без провизија за уплатите и исплатите и ветување од нивна страна дека на тие сметки ќе има великодушна камата и/или дека за секој денар од компаниите и тие ќе донираат по еден денар.
3. Вклучување на медиумите за покривање на активностите во врска со ова, од една страна со снабдување на информации за лица на кои би им била потребна ваква помош, од друга страна со оставање простор за претставување на иницијативата во континуитет во подолг временски период.
4. Организирањето на фондот може да биде проблематично, и тука особено треба да се внимава да не се случи некоја сапуница од типот на „Денот на дрвото“. Но, и тука ми се чини има доволно искуство во проектите како што е на пример Википедија. Значи, комплетна и безусловна транспарентност. Секојдевно ажурирање на прилив и одлив на пари со информации достапни на интернет во обработена и сирова форма за оние кои би сакале да проверат. Сите работат како волонтери. Може да има некаков надзорен одбор со краткотраен мандат за членовите.
5. За почеток, за организирање и координирање претпоставувам може да се користи некој сервис како Kickstarter. Гуруата за социјални медиуми сигурно знаат што може најдобро да одговара. Волжебниците со компјутерски молив и четка можат да направат дизајни за печатење и интернет, и потоа потребна е помош од професионалците за јавна комуникација за да се допре до медиумите. И во определен момент, сето ова мора да се прелее во физички простор, па луѓе од разни градови треба организираат јавни собири за промовирање на идејата. Добрите вести се дека сите овие работи се правени, засебно и со краткорочни или непосредни цели. Знаењето е тука. Да го цитирам Бенџамин Зендер (од предавањето на TED): „This is about vision; this is about the long line. Like the bird who flies over the field and doesn't care about the fences underneath“.
6. Списокот со идеи останува отворен...
5 Comments
Има една слична кампања: http
Submitted by Борко (не е верификувано) on
Има една слична кампања: http://www.youtube.com/watch?v=qYtNwmXKIvM :)
Иницијативата и идејата се
Submitted by Olimpija (не е верификувано) on
Иницијативата и идејата се супер. Јас пишувам во име на младинска организација од Струмица, Рефлексија, па и ние размислувавме поттикнати од приказната на Марина од Долгаец, освен што секако планираме да ја посетиме, да направиме или да се вклучиме во некоја поопстојна и акција со подолгорочни цели. Во однос на оваа иницијатива се нудиме да помогнеме со рекламирање по градот и социјалните мрежи, обмислување на некакво лого, и име. Исто така во моментов во Струмица имаме добиено мала сума на пари да реализираме проект со кој врз неколку навредливи графити, ќе нацртаме други. Ова ќе го реализираме во 4 фази, што значи еден од графитите може да биде и логото на оваа акција. Можеме да допринесеме и со човечки ресурси доколку би се формирал фондот околу следење на транспарентност и одговорност на средствата кои би се собрале, а и онака ние ќе се обидуваме сега за сега барем во регионов да ги лоцираме случаите слични на Марина. Имаме екипа од политиколози, фотографи и дизајнери,ентузијасти. https://www.facebook.com/refleksija?ref=hl
Ideata e dobro, megutoa
Submitted by Ana Cokovik (не е верификувано) on
Ideata e dobro, megutoa nemame mnogu vreme za da se realizira, a veruvajte za vakov poteg ke treba mnogu vreme. Velam deka nemame mnogu vreme bidejki NBRM donese odlusa da se ukinat 50 deni od 01.01.2013. Shto znavchi se ke bide na okrugli brojki. Praksata na banki e tie sredstva shto se rezultat na nezaokruzena suma na sredstva na krajot od godinata se saldira i se odpishuva. Ke se konsultiram utre, pa ke prenesam za soznanijata...
Ана фала, ова е корисна
Submitted by Новица on
Ана фала, ова е корисна информација.
Советот на Народната банка донесе Одлука за повлекување од промет на кованите пари во апоен од 50 дени. Со донесувањето на оваа одлука се овозможува надминување на состојбата на слабата употреба на досега најнискиот апоен од 50 дени во прометот. Замената ќе се врши од страна на банките основани во Република Македонија во период од 01.01.2013 година до 31.03.2013 година. По овој период замената на кованите пари ќе се врши од страна на Народната банка на Република Македонија.
Советот на Народната банка донесе Одлука за најнискиот апоен на денарите во прометот, со која е утврдено најнискиот апоен на денарите во прометот да изнесува 1 денар. Заокружување на крајната пресметка во готовинскиот и безготовинскиот платен промет и во деловните книги ќе се изврши така што износот до 49 дени ќе се занемарува, а износот од 50 до 99 дени ќе се заокружува на 1 денар.
http://www.nbrm.mk/?ItemID=F0D3B2C20FAE3F45B9563F8DCE66C7E8
Но, мислам дека ова суштински не ја менува идејата за некакво организирање од страна на јавноста за помош како што е пишувано погоре. Едноставно, кампањата може да се смени да се заокружува на десетиот денар и секогаш кога плаќаш нешто-нешто и девет денари, еден денар да оди во фонд.
Од банкарска гледна точка,
Submitted by Бојан (не е верификувано) on
Од банкарска гледна точка, тука влегува и Пошта бедејќи платниот промет го врши преку банка, идејава со десеттиот денар е тешко остварлива, поради сложувањето на благајната. Тоа подразбира сите банки да направат измени во софтверот, што не верувам дека ќе имаат воља да го направат. Останува евентуално да се сведе на добра воља на трговците.