Submitted by Новица on
Tags:
Денес бев во Мала станица и таму видов постер за некое си биенале за млади уметници. Го запишав url-то од постерот за да видам за што се работи. На страницата видов дека имале конкурс за лого. Првиот услов на конкурсот бил идејното решение да биде оригинално и досега неупотребувано.
И победникот е:
Но, ако добро се сеќавате, имавме нешто слично за сподели:
Да не судам пред рака, ќе им го пратам ова на луѓето од организацијата што го прави биеналето. Одговорот, ако го добијам, исто така ќе го има тука.
3 Comments
Не е злоупотреба миљон посто.
Submitted by Act1v8 (не е верификувано) on
Не е злоупотреба миљон посто. Нели КК поддржува модифицирање?
Тоа што е плагијат е друга работа. :)
Лиценцата...
Submitted by Новица on
@Act1v8: Лиценцата на Гоце вика Attribution-Noncommercial-Share Alike. Значи, ако го користел морал да наведе извор... а и не смеел комерцијално (конкурсот е со парична награда), а и новото дело не е Share Alike...
Но, мора прво да се утврди дали се поврзани некако овие 2 дела.
авторот
Submitted by kotle (не е верификувано) on
А провери да не е Гоце автор на двете дела?