Submitted by Новица on
Tags:
Случајно в раце ми падна копија од „Бушава азбука“, книга издадена во 1987 година, и се присетив дека како дете ја имам листано.
Првата реакција ми беше: ајде да ја ставиме на интернет. Ја нема во книжари, повеќето потпишани издавачки куќи веќе не постојат, а тоа е забавна книга за децата кои ја учат азбуката. Се обидов да го направам токму тоа.
За жал, скенерот со кој што располагам е мал, а книгата е во невообичаен формат, и при скенирање губам дел или од горниот или од долниот дел од содржината на страницата.
Ако некој има скенер за А3 формат што може да го понуди, може да остави коментар.
Сепак, PDF или слики не се баш најзгодниот медиум за презентирање на содржина на интернет. Па си помислив што ако го направиме ова во интернет стил: HTML, CSS, JavaScript? Првата идеја што ја имам е S5: лесно за управување низ содржините, без многу тракатанци наоколу. За почеток веројатно се потребни малку понапредни CSS вештини и, секако, цртачки вештини за сите илустрации.
Има некој?
3 Comments
Може да се занимаваме, ама ќе
Submitted by в. (не е верификувано) on
Може да се занимаваме, ама ќе треба да ме почекаш :)
види www.issuu.com
Submitted by Анонимен корисник (не е верификувано) on
види www.issuu.com
Пробај да ја сликаш со
Submitted by Darko Buldioski (не е верификувано) on
Пробај да ја сликаш со фотоапарат :) и тоа е опција, ако немаш А3 скенер.