Пишувам, значи постојам... или?

Tags: 

Значи, се започна со колумната на Венко во Утрински за некаков фонд за писатели. Продолжи со препукувања по весници и се разбира на Интернет, по блоговите - логично. На тоа, веројатно некако се надоврза и Темлум/Точка состанок, а-у, алтернативни форми.

Јас додуше немам став по овие прашања. И така, ако некогаш одлучам да издадам книга, ќе го правам тоа со свои пари. Она што ме замисли е public exposure на (потенцијалните) писатели(те).

Си мислам значи, Гибсон има веб страница и блог, ама општо земено не е достапен за јавноста, ретко дава интервјуа, не може никој да го добие на мејл. На блог не пишува често додуше, а колумни и слични работи па ич. Стерлинг пишува, ама па пишува за Вајерд. Селинџер и Пинчон се тешка илегала.

Океј, можеби писателката на Хари Потер ја има повеќе во јавноста.

Пишувањето, како и секоја друга работа, бара работа. Ако човек го троши времето зборувајќи дека е или сака да биде писател, шансите се дека ќе има помалку време да работи на своето писателствување.