Submitted by Новица on
Tags:
Неколку пати сум пишувал за книгата на Пол Колиер „Милијардата од дното“. Една од клучните поенти што авторот сака да ја одбрани е тоа дека воените (вооружените) конфликти во земјите од дното не се случуваат заради поплаки кон државата (системот), туку заради алчност.
Аргументацијата е едноставна. Бунтовничкиот водич одбира некој рудник на дијаманти и со своите блиски соработници го зазема. Потоа ги користи приходите од таму за да го финансира бунтот, но истовремено конструира grievance што ќе биде од корист за поширока мобилизација. Се разбира, ова не важи за сите конфликти. Но, книгата на Колиер, како и впрочем неговите истражувања, изобилуваат со статистички податоци за тоа кога вакви војни се случувале.
Немам намера сега детално да го објаснувам истражувањето на Колиер. Причината поради која пишувам за ова е 28.03 или три-годишнината од насилството што се случи на плоштадот Македонија. Некако чудно, кога вчера се потсетив на тие настани се сетив и на книгата и на целиот овој аргумент greed vs. grievance. И кога ќе ја погледнам дебатата во врска со архитектурата во градот, и генерално прашањата околу кои се кршат копјата, ми се чини како да доминираат гледиштата за grievance: градот што постоел, па бил срушен, па комунистите направиле бетон, па не смееле да се градат цркви во нивно време итн. - конструкции кои што сега јавно се артикулираат.
Но, никој (веројатно никој) не го погледна ова прашање од аспект на алчноста. Државното земјиште е последниот заеднички ресурс на ова општество (откако општествените претпријатија и рудници и сл. се продадоа, приватизираа или затворија поради нерентабилност). Тоа е последниот ресуср кој можеше да се освои. А, тука е и Колиер да нѐ потсети дека големата корупција во слабите држави секогаш се крие во градежништвото.
Ми се чини дека би било потрагично да се замисли ситуација во која во јавноста не би имало противење на ова губење на заедничкото само затоа што новите згради не се во барокен стил.
3 Comments
Se slozhuvam deka sega i
Submitted by gragjanin (not verified) on
Se slozhuvam deka sega i celoto podrachje na centarot go prodavaat za 1 evro, no ne se slozhuvam so tvojata konstatacija "...па не смееле да се градат цркви во нивно време...". Eve samo 2 dokaza: za vreme na poraneshniot sistem e izgradena Sobornata crkva vo centarot na Skopje i najvazhen argument e, za nivno vreme vozobnovena e MPC!
Не е тоа моја констатација.
Submitted by Новица on
Не е тоа моја констатација. Само пренесувам тоа што се раскажувало. И благодарам за коментарот.
Тоа разграбување на јавното е
Submitted by MIlka (not verified) on
Тоа разграбување на јавното е огледало на духовната сиромаштија.
И ми доаѓа на ум оној огромен екран што виси над плоштадот. Помеѓу антиката и глобализацијата - се смеев вчера со пријателите.
Но тоа културолошко силување ме брка од овој град.