Submitted by Новица on
Tags:
ВМРО-ДПМНЕ омекна, на летните тераси ќе се пуши:
На тераса и во летни бавчи на угостителските објекти, односно ресторани, кафулиња, кафе-барови, отворени летни дискотеки и плажи во периодот од 1 март до 31 октомври ќе биде дозволено пушење. Ова го предвидува предлог- законот за измени и дополнување на Законот за заштита од пушењето, кој вчера на Собранието му го предложија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.
„Во делот каде што ќе биде дозволено пушењето, терасите и летните бавчи нема да смеат да имаат покриви ниту дополнителна опрема која на објектот ќе му дава затворен карактер“, изјави вчера претставникот на пратеничката група на владеачката партија, Влатко Ѓорчев.
Вистинска чистка на нелегалните тераси на кеј:
Како никогаш досега општинската инспекција од Центар вчера ги уриваше незаконски заградените тераси на кејот на Вардар. Педесетина ангажирани извршители од рано изутрина почнаа со демонтирање на најлоните, подовите и воопшто на сите делови од конструкциите од нелегалните градби. Безмилосна чистка истовремено се вршеше на терасите на сите седум локали на шеталиштето. Освен општинските работници во акцијата се вклучија и дел од сопствениците на кафулињата со свои работници. Иако револтирани, сепак, кафеанџиите не даваа отпор.
Добро, само мене ли ми изгледа ова на местенка?! Се чини дека општината, со пари од граѓаните, експресно пред измените на законот за пушење на газдите во центарот им ги претвори просторите од „затворен карактер“ во „отворени летни тераси“.
3 Comments
Да, читајќи по весниците личи
Submitted by Gorco (not verified) on
Да, читајќи по весниците личи на местенка, но причината е тазе законот за градба кој стапи во сила на 5-Ное-2009. Терасите спаѓаат под урбана опрема, а во членот 79 став 7 се вели
"7) Издавање на одобрение за поставување на времени објекти без дадена
согласност на програмата од ставот 1 на овој член и/или спротивно на законските
прописи, претставува основ за одземање на надлежноста за издавање на
одобрение за поставување на времени објекти."
Што ќе се случи?... газдата од Тинкес и неговите колеги градоначалници, без разлика на партиска припадност, ќе донесат секој своја ПРОГРАМА по принцип на донесување ДУП т.е. "ко да више"... така да, фала на новите измени во законот за пушење, барем новите тераси ќе бидат вертикално отворени.
PS: Зошто скоро секогаш го линкуваш Утрински Весник?
Gorco, благодарам за
Submitted by Новица on
Gorco, благодарам за појаснувањето.
А за весникот, па веројатно дека скоро секогаш него го читам.
You welcome. Во врска со
Submitted by Gorco (not verified) on
You welcome.
Во врска со Утриски, заедно со неговиот "син" Глобус, политичките и економските вести им се без конструктивност од опозициска (критична) гледна точка на нивните уредници. Дневник е подобар извор на критична мисла, без разлика што исто така како Утрински е со опозициска позадина. А1 е медиумски лешинар, Сител е портпарол на власта, Канал 5 е 30% лешинар-70%портпарол, Вест е таблоиден опозиционер со позитивен дух, Фокус (како и емисијата "Во цетар") е по принцип на ДУП т.е. "ко да више", ако нема спонзорства и инсајдерски информации тогаш е тапа со содржина...
Независно новинарство, бљак, глобално пропаднат концепт.... гласачка маса со критично мислење и без партиска книшка, најголем опозиционер и мотор за промени во општеството!