Бесконечни заебанции со Mozilla

Tags: 

Вчера се занимавав со update на преводите на производите Mozilla, поточно со новиот Firefox и Thunderbird -- и еден куп глупости! Не знам што се случува со тие jar-овите кои се за превод, не знам дали луѓето од Mozilla цело време нешто менуваат или јас цело време нешто правам погрешно... ама смачено ми е со секое издание да се заебавам со инсталирање на преводот по 100 саати.

Плус со 1.0PR одлучиле да стават само еден jar со стрингови за локализација, и тој дополнително ме изнамачи со увозот на веќе постоечкиот превод. Невидени глупости. Ќе го направат ли овој процес некогаш да работи, онака стандардно, од прва?

П.С. Денес е car free ден во Европа. Па пробајте пешки...