Submitted by Новица on
Tags:
Денес бев на e-Society.Mk 2008, годишната конференција што ја организира фондацијата Метаморфозис. За разлика од други години, овој пат ја слушав само сесијата за платформи за е-образование, каде што презентација имаше и нашиот Александар Балаловски.
Александар Балаловски имаше презентација за концептот на вики и некои идеи како тоа може да се користи, и иако зборуваше за Викито за слободен софтвер, неговата презентација беше целосно различна од оние на неговите колеги-презентери. Велам различна, бидејќи викито кое го имаме и намената за која тоа служи не може да се спореди со апликации кои секојдневно се користат во формалното образование.
Фотографија од Дарко
А другите презентари претставуваа токму такви апликации. И кај нив, она што навистина ми недостасуваше, беше ставање на работите во контекст. Навистина, напорите за примена на софтвер во образовниот процес се за почит, но без да знаеме повеќе бројки не верувам дека може да го измериме ефектот на употребата на софтверот. На пример, без да знаеме колку од децата во едно училиште имаат компјутер и интернет, не може да знаеме колку навистина се користи софтверот. Бројката од 100 деца што имаат сметки на некој сервис значи едно ако вкупниот број на деца е 1000, а друго ако вкупниот број на деца е 120. Но, наместо вакви информации, презентациите изобилуваа со информации за видот на серверите. По мое скромно мислење, голема утка.
И покрај ова, сепак ме импресионираше фактот дека наставниот кадар и студентите на ЈИЕ универзитетот од нула напишале цел софтвер за е-образование и истиот го користат секојдневно на факултетот. Тоа е потфат достоен за почит.
Други кратки забелешки: добро е што конечно има некој тајмер што ги потсетува презентерите на должината на нивните презентации, лошо е што нема интернет на конференција за е-Општество, и уф, каква некулурна завршница од страна на модераторот Александар Угриновски.
6 Comments
Конференција за е-Општество
Submitted by GoodBytes (not verified) on
Конференција за е-Општество без интернет, сериозен пропуст. А тоа дека шарале луѓето со дискусиите и читале спецификации на хардверот, најверојатно е затоа што всушност никој не знае што се сака да се добие со „образовен софтвер“. Кога ќе се познати точните цели, фазите како да се стигне до нив, да се распределат „задолженија“ и да се воспостави систем за контрола на постигнатото, тогаш ќе „тргне“ работата, ми се чини.
Додуше не знам, можеби такво нешто веќе има? Ти беше таму, има?
Па не знам дали има. Само тие
Submitted by Новица on
Па не знам дали има. Само тие од ЈИЕ ми оставија впечаток дека знаат што прават. Презентерот од Велес неколку пати повтори дека нивниот проект е излезен „надвор од контрола“, што и да значи тоа.
Не знам како функционираат
Submitted by alifaan (not verified) on
Не знам како функционираат проектите, на Општина Велес и на ЈИЕ, но знам како функционира Moodle, бидејќи сум студент на ИИ и веќе 3 години активно го користам. Платформата е супер, има повќе од можностите кои се потребни за спроверување на квалитетно е-учење. Само сакам да знам дали се исплати да се вложат средства за такви проети кога веќе има нешто слично, со отворен код како што е Moodle, и кој работи совршено. Подобро би било сите срества да се вложат во дополнување на Moodle, со нешто што недостасува (барем јас така мислам).
1. Koj e na slikava
Submitted by Анонимен корисник (not verified) on
1. Koj e na slikava Aleksandar? Deckoto vo plavo-crnata bluza? Ne e toa bitno, sakam da prasam dali ako toa e on, dali tipot so sedi so nego e Makraduli?
2. Povekje info moze za koj e prezenterot od Veles?
Луѓето на сликата
Submitted by Новица on
Да, Александар е во плаво-црната блуза. Тој до него што ти личи на Макрадули е Угриновски, кој мислам дека е директро во Агенција за државни службеници. Од Велес претставникот е тој на крајот со наочарите. Се вика Нинослав Костовски и е админстратор на порталот на општината. Девојката што се гледа на сликата е претставничката од ЈИЕ универзитетот.
Veles + Nino = politika, koja
Submitted by Анонимен корисник (not verified) on
Veles + Nino = politika, koja definitivno sekade se mesa, za zal.
Skromno se povekuvam i ostanuvam vo senkata kade sto bev i do sega.