airborne во 2011

Tags: 

Во 2011 на блогов оживеале 116 (сто и шестнаесет) написи - вклучувајќи го и овој. Во просек тоа е еден напис секои три дена.

Најмногу во месец јуни - шестанесет. Тоа беше месецот во кој се случуваше протестот против полициска бруталност. Текстовите од тој период се со лепенка протестирам. Мене најопишувачки, иако со доза на цинизам, на сета работа околу случајот и понатаму ми останува текстот, т.е. цитатот од Неколку добри луѓе, објавен кога сѐ уште многу малку се знаеше за целиот случај: Неколку добри луѓе vs. #daniel.

Но, најистакнат на темава помеѓу сите е текстот што го пишувавме заедно јас и Миша Поповиќ: Полициската бруталност и општествената класа - текст што се појави во август.

Јануари беше одбележан со два текста што ми се многу драги и кон кои често се навраќам:
Отворен повик за хакери и Ширење на хакерскиот дух: говор по повод 10 години Википедија.

Во февруари дебата и интерес предизвика текстот Правните прашања зад дебатата за андроид апликацијата за Златна книга.

Март е шарен со неколку текстови што ми се чини се доволно интересни да бидат споменати: Суперхероите и новинарството, Неколку белешки за филмовите на Билјана Гарванлиева, TEDxSkopje - една година потоа.

Април и мај испаднаа некако окупирани со теми за изборите: За изборот и изборите, Репринт: Маестралната уметност на владеење на Груевски, Избори 2011 (уште еден репринт), Колиер, па Рузвелт, Буџетски белешки за изборите.

Јуни експлодираше со текстови за протестите, полициската бруталност и идеи поврзани со тоа. Веројатно најзначаен до сите е За Мартин Нешковски, кој преработен, дополнет, дообјаснет, беше и платформа за многу од активностите што се случија. Секако, ги препорачувам сите написи од тој период.

Јули ја имаше малата анализа на текстовите од огласите за Законот за амнестија и хашките случаи.

Август, покрај тоа погоре наведениот Полициската бруталност и општествената класа, освртот кон Седмата република ми е мил и поради книгата и темата што ја обработува.

Септември ми изгледа штуро, но да го издвојам Идеологијата и градот.

Октомври е враќање на некои вообичаени теми: Поглед кон „Патенталија и Тентелина“ од Матеј Богдановски, од фронтот на војната за авторски права и Behind enemy lines: Белешки од webit '11

Во ноември блогот доби и нова важна лепенка it.com.mk, заради текстовите што почнав да ја пишувам за тој сајт. Од тој месец би го издвоил Ретвитај за музика, иако сѐ што е под таа лепенка е интересно за читање. Настрана од тоа тука е (Не)познато (не)знаење.

Декември го отворив со Објаснување за системот на електронска здравствена картичка од гледна точка на зависност од еден понудувач, а во него се и Кон „Изгубената република“ од Лоренс Лесиг и некои идеи поврзани со неа по настанот „Стратегии на отпорот - од културен активизам до нови модели на општествено дејствување“ и Јавната дебата и слободата на говор.

На крај, најзабавна и најпрониклива ми беше колекцијата „македонскиот народен мудрец“ која почна овде, но продолжи на mudrec.tumblr.com.

Годината најверојатно ја затворам со овој преглед, освен ако нешто многу интересно не ме предизвика од 28c3.

СНГ и Happy Hacking.

3 Comments

а уште го памтам твојот

а уште го памтам твојот коментар од 2006г. мислам беше тоа на Е-Опшество, а одеше во стилот: не, јас не сум блогер!
Новица, нека се множат постови, па ти пак не биди блогер! :)

Хаха ribaro фала! Сепак, не

Хаха ribaro фала! Сепак, не сум.

Само се чини испадна така да технологијата дозволи да пишувањето може да се само-објавува. Којзнае колку писма до уредникот останале непишани, непратени или необјавени пред да иднината доволно да се дистрибуира - како што би рекол Гибсон.