Мислам дека технологите од аспект на моралот се неутрални се додека не ги употребиме. Само кога ги користиме за добро или лошо, тие стануваат добри или лоши.
Ако сакаме да останеме слободни, мора да се погрижиме правото да се поседуваат дигитални процесори на информации да стане исто толку неотуѓиво како уставните гаранции за слободен говор и слободен печат.
Другите им нудат на земјите во развој милостина и вазалски односи, затворени пазари и работни места со плата која развиениот свет не сака да ја прифати. Софтверот со отворен код им нуди на земјите во развој технолошка моќ, контрола на нивната сопствена инфраструктура и еднакво технолошко партнерство со развиените земји.